По ова видео ќе престанете да ги пребарувате симптомите за болести на Google (видео)
Вообичаено, многу луѓе кога ќе почувствуваат макар и најмала болка, на кое било место на телото, вртоглавица или лошо чувство, прво седнуваат пред компјутер и ги пребаруваат симптомите на Google.
Тоа е најпогрешното нешто што може да го направите! Постојат над 100 симптоми кои се дел од вообичаените промени во организмот или влијанијата на околината, а кои се јавуваат и како дел од некоја посериозна болест.
Кога ги пребарувате на интернет, ви излегуваат сите можни претпоставки од наједноставни, до најопасни кои често упатуваат и на најлошото.
Сето тоа сознание не ви помага, туку само ви ја зголемува паниката и стравот, а со влијанието на вашата психа, веќе почнувате да го чувствувате и она што го немате.
Затоа, агенцијата DDB Brussels ја снимила рекламата која ќе ви покаже зошто веќе никогаш не треба да ги пребарувате симптомите на Google, туку да побарате посоодветен извор или да посетите доктор.