7 грешки кои ги правите додека се туширате
Сигурно до сега имате усвоено повеќе навики додека се туширате, околу кои ретко размислувате.
Токму тогаш, сигурно правите неколку од овие 7 несвесни грешки кои може да ви наштетат:
1. Не го менувате сунѓерот за туширање
Сунѓерите и мрежите за туширање се полни со бактерии. Истиот сунѓер можете да го користите 3 до 4 недели, само ако по бањањето го миете со врела вода. Само врелата вода ги елиминира непријатните мириси од бактериите кои се таложат.
2. Ја миете косата пред да ја исчешлате
За да го избегнете кршењето на косата, чешлајте ја пред да ја измиете. Така ќе го спречите заплеткувањето и оштетувањето.
3. Миете заби додека се туширате
Убаво е што можете да правите 2 работи истовремено, но големи се шансите дека на забите нама да им го посветите потребното внимание. За нивно четкање потребни се барем 2 минути.
4. Прво ги бричите нозете
Не ги бричете нозете под туш, туку почекајте најмалку 15 минути. Тогаш влакната се омекнати и нивното отстранување е многу полесно.
5. Ја миете косата секој ден
Колку почесто ја миете косата - толку помасна ќе станува. Затоа, мијте ја косата на 2 до 3 дена, за природните масла да можат да ја одржат здрава и сјајна.
6. Се туширате со жешка вода
Кога надвор е студено многумина сакаат да се бањаат со жешка вода и тоа многу долго. Но, претерано топлата вода може само да ја влоши состојбата на вашата кожа, посебно ако таа е сува.
7. Груби сте со пешкирот
Грубото бришење може да го уништи површниот слој на кожата, така што сувоста и чешањето стануваат многу чести. Најдобро е кожата да ја сушите со тапкање за да ја соберете влага, а потоа да почекате неколку минути пред да нанесете млеко или крема.