7 разлики помеѓу раната бременост и ПМС
Симптомите како засилениот апетит, чувствителните гради и променливото расположение, најчесто се поврзуваат со ПМС, но речиси идентични се и симптомите на раната бременост.
За да не дојде до забуна, научете ги овие 7 разлики:
1. Имплантациско крварење
Еден од првите знаци на бременост е повременото крварење кое обично се јавува 6 до 12 дена по зачнувањето на плодот. Со оглед на тоа дека грчевите и болките кои се јавуваат при ова крварење се речиси идентични како пред менструацијата, разликата е во обемот на крварењето, кое во овој случај е минимално.
2. Чувствителни гради
Единствената разлика е во траењето на болката. Поточно, пред менструацијата болката во градите со текот на времето се намалува, додека ако се работи за рана бременост, интензитетот на болката постепено се зголемува.
3. Невообичаен замор
Исцрпеноста во текот на денот и зголемената потреба за одмор се едни од првите знаци на бременоста.
4. Често мокрење
Честото мокрење кое не е пропратено со грчеви и болки како во ПМС, е еден од првите симптоми на рана бременост. Тоа се случува заради ширењето на матката и притискањето на мочниот меур.
5. Мачнини и потреба за одредена храна
Силната потреба за одредени слатки или солени намирници не е ништо чудно кога се јавува во ПМС. Но, тешкотијата во желудникот, желбата за одредена храна, а гадењето од другата е она што се разликува во бременоста. Мачнините пропратени со повраќање се првиот симптом на бременост.
6. Вртоглавица
Вртоглавиците и чувството на слабост најчесто се јавуваат за време на првите 2 до 3 дена од циклусот, па ако се почувствувате слабо и изнемоштено без да ви е дојдена менструацијата, време е да направите тест. Главоболките во бременоста најчесто настануваат како последица на крвниот притисок, кој се намалува за време на бременоста.
7. Повисока температура
Високата температура заедно со бранови на жештина се најчести симптоми на раната бременост. Повременото потење никогаш нема да го почувствувате додека сте во ПМС.