Сè што треба да знаете за токсичниот шок предизвикан од тампоните: Како да ги користите најбезбедно?

За потполната безбедност на тампоните со кои е загарантирана секоја активност, скептичните жени имаат поинакво мислење.

se-sto-treba-da-znaete-za-toksicniot-sok-predizvikan-od-tamponite-kako-da-gi-koristite-najbezbedno-01.jpg

Голем број од жените не веруваат дека тие се апсолутно сигурни, туку дека на некој начин може да им наштетат. За жал, стручните лица го потврдија ова.

Вистина е дека тампоните може да доведат до токсичен шок синдром, иако се случува многу ретко.

Се работи за ретка бактериска инфекција која се препознава според следниве симптоми: грозница, повраќање, дијареа, вртоглавица и алергиска реакција.

Ризикот за оваа појава се зголемува доколку користите поголеми тампони со посилна моќ на впивање или предолго ги оставите да стојат.

За ризикот да се сведе на минимум, жените задолжително би требало да ги измијат рацете, да користат помали тампони и да ги менуваат на максимум 4 часа, советуваат лекарите.

Стручните лица откриваат дека тампоните содржат и 2 опасни супстанци – материјалот од кој е изработена површината за подобро впивање и избелувачот кој го содржат.

Индустријата за тампони верува дека во тампоните е неопходен избелувач за жените да го гледаат производот како чист и сигурен, иако токму оваа супстанца се смета за потенцијално канцерогена и токсична за имунитетот.

Затоа задолжително заштитете го вашето здравје, читајте го упатството и побарајте тампони без избелувачи.

Би можело да ве интересира:

Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
8 знаци кои укажуваат на проблеми со менталното здравје кај жените (и зошто се посклони на нив) Женскиот мозок и начинот на којшто се третирани во општеството се едни од фактор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg