Зошто треба да престанете да користите антиперспирант?

Одамна е познато дека потењето е важно за одржување на нормалната телесна температура, но често забораваме дека секојдневно се трудиме да го спречиме овој природен процес.

zosto-treba-da-prestanete-da-koristite-antiperspirant-01.jpg

Во телото постојат околу 2,6 милиони потни жлезди, а со користење на антиперспирантите во секаков облик, ги спречуваме да функционираат нормално.

Речиси сите антиперспиранти содржат хемикалии кои ги затвораат порите и го спречуваат потењето, па затоа нивното користење го спречува исфрлањето на токсини од телото, што може да биде штетно по нашето здравје.

Ова се само дел од причините зошто треба да престанете со користење на антиперспирант уште денес:

1. Од антиперспирантот може да мирисате полошо

Едно истражување докажало дека со помош на овие средства кои го спречуваат потењето, всушност вашето тело мириса многу полошо.

- Тој не е добар за вас. Избричете ги влакненцата под пазувите ако сакате да мирисате посвежо. Вашето тело мириса лошо затоа што користите антиперспирант, велат научниците.


2. Со долгорочна употреба го поттикнувате развојот на микроби

Истражувањето спроведено од Крис Калевирт докажало дека антиперспирантите го зголемуваат бројот на лоши бактерии во пределот на пазувите. Тие бактерии се причинители за лошиот мирис на потта.


3. Потењето може да ви сигнализира дека сте болни

Потењето може да биде сигнал дека боледувате од сериозни болести, чии симптоми обично може да се незабележливи.

Дијабетес - Се поврзува со прекумерното потење заради дебелината. Покрај тоа, дијабетесот го пореметува нервниот систем кој испраќа сигнали до потните жлезди.

Ревматоиден артритис - Ова заболување најчесто ги погодува зглобовите, предизвикува воспаленија и може да го поттикне потењето.

Проблеми со срце - Запушените артерии се причинител за недоволна циркулација, па телото многу повеќе се поти кога се труди ја одржи температурата додека организмот се бори за пумпање на крвта.

Хипертироидизам - До оваа состојба доаѓа кога тироидната жлезда произведува повеќе хормони од вообичаено. Тоа го забрзува метаболизмот, што може да предизвика потење, како и необјаснето слабеење, анксиозност или хиперактивност.

Рак - Претераното потење се поврзува со неколку видови рак, како што е леукемијата, ракот на коските и ракот на црниот дроб.

Затоа, уште денес откажете се од антиперспирантите и внимателно следете го потењето на вашето тело. Овој знак понекогаш чини здравје.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg