Зошто масажата е потреба, а не луксуз?

Живееме премногу брзо, со голем стрес и премногу седење во место. Нашето тело е предвидено за постојано движење, а секојдневно се наоѓа во неприродна положба и тоа по неколку часа.

zosto-masazata-e-potreba-a-ne-luksuz-01.jpg

Сето тоа води до деформација, забавен крвоток и метаболизам, односно до целосно нарушување на здравјето.

Затоа, иако масажата ја сметаме како луксузен третман, со оглед на начинот на живот, неопходно е да си ја дозволиме.

Масажите имаат позитивно влијание врз стресот, анксиозноста и депресијата. За време на масирањето на телото се создава чувство на смиреност кое ги победува сите овие состојби на одредено време.

Бројни истражувања докажаат дека дури и 30-минутната масажа еднаш во текот на неделата може да ја спречи несоницата од која патат голем дел од луѓето.

Масажата исто така е проверен начин за отстранување на болките. Нервите на грбот страдаат заради постојаното седење, па за нивно опуштање неопходна е квалитетна масажа.

Со мали вештини и помош од некој близок член на семејството, можете да заштедите на скапите третмани.

zosto-masazata-e-potreba-a-ne-luksuz-02.jpg

Сепак, имајте на ум дека денес масажата е потреба, не луксуз!

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg