12 причини заради кои циметот е одличен за вашето здравје
Ако до сега го сакавте само во вашите колачиња или топло чоколадо, овие 12 причини ќе ве натераат да го користите циметот уште почесто.
Еве зошто треба да додадете малку цимет во сè што консумирате:
1. Го контролира нивото на шеќер во крвта
Циметот е популарен природен лек кој го користат дури и лицата кои патат од дијабетес тип 2.
2. Ги лечи габичните инфекции
Маслото од цимет е ефикасен лек против кандидата која е најздодевната и упорна габична инфекција.
3. Ги ублажува симптомите од труење
Антибактериското дејство на циметот многу брзо и лесно ги решава симптомите предизвикани од салмонелата и ешерихијата. Мелениот цимет, маслото и чајот се ефикасни во неутрализирање на стомачните проблеми.
4. Ја лечи иритацијата на цревата
Оваа билка го поттикнува варењето и помага во лечењето на бактериските инфекции. Покрај тоа, циметот е одличен против грчеви во стомакот.
5. Помага кај остеопороза и артритис
Циметот е богат со манган кој помага во изградувањето на коските, па затоа масажите со масло од цимет или пиењето на чај од цимет може да ги излечат болките предизвикани од артритис и остеопороза.
6. Влијае на развивањето на мозокот
Секојдневното консумирање на мали количини цимет го зајакнува здравјето на мозокот и ја подобрува концентрацијата.
7. Помага во слабеењето
Циметот ја подобрува циркулацијата и може да го забрза метаболизмот. Сето тоа позитивно влијае на губењето на килограми.
8. Ги ублажува болките во мускулите
Ако чувствувате болка во мускулите, масажата со масло или крема од цимет може многу да ви помогне.
9. Помага при настинка, воспаление на грлото и кашлица
Чајот од цимет или чајот со цимет во прав позитивно влијае на заздравувањето од настинки, а може и да ја излечи кашлицата.
10. Ги ублажува симптомите на ПМС
Со оглед на тоа дека е богат со манган, циметот е одличен начин да ги ублажите грчевите и напнатоста во телото непосредно пред менструалниот циклус.
11. Го регулира менструалниот циклус
Циметот им помага на жените кои имаат полицистични јајници, така што ја регулира редовната менструација.
12. Ја ублажува главоболката
Ако ве мачи мигрена или обична главоболка, наместо да пиете апче, послужете се со ароматичен чај од цимет. Дефинитивно делува!