Есен без настинки: Зајакнете го имунитетот на 6 начини

Во време на променливи температури, студен ветер и влажен воздух, настинките и вирусите се шират насекаде. Но, тоа не значи дека сите мора „да си поминат на редот“ и да се разболат.

esen-bez-nastinki-zajaknete-go-imunitetot-na-6-nacini-01

Сепак, настинката го напаѓа слабиот имунитет. Наместо да чекате да се разболите, па дури потоа да пиете сè што треба и не треба, подобро е да го зајакнете имунитетот пред време.

Има неколку совети и препораки кои треба да ги примените и оваа есен да ја поминете здрави и насмеани:

1. Избегнувајте овој период со сите да се поздравувате и прегрнувате или бакнувате. Кога е сезона на вируси не знаете кој во која фаза е, па нема да ви се налути ако барем некое време не се поздравувате толку близу.

2. Зајакнете го имунитетот со избалансирани и хранливи оброци. Важно е организмот да е добро нахранет со здрава храна за да има енергија да се одбрани од инфекциите.

3. Зголемете ја дозата на витамин Ц.

4. Не се преморувајте на работа. Не ја трошете целосно енергијата, бидејќи заморот ќе ве совлада и ќе ви го ослаби имунолошкиот систем.

5. Кога е заладено надвор облекувајте се слоевито и потопло за да може да ја регулирате телесната температура.

6. Не ги прегревајте просториите во кои престојувате најдолго за да не ја почувствувате големата температурна разлика кога ќе излезете.

7. Ако сепак, и покрај сите совети настинете, подобро е да останете 2 дена дома, за да не го ширите вирусот.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg