Зошто понекогаш вагината има непријатен мирис?
Еден од проблемите на секоја девојка или жена претставува непријатниот мирис на вагината кој се појавува во одредени периоди и може да ги доведе во непријатна ситуација пред партнерот.
Не се плашете дека се работи за инфекција или болест, туку проверете ги овие 5 можности:
Неправилна хигиена
Неправилна или нередовна хигиена се едни од природните причини поради кои вашата вагина може да мириса непријатно.
Доколку одржувате редовна полова хигиена правете го тоа правилно и не иритирајте ја вагината со груби сапуни или жешка вода. Доволно е да ја третирате со средство наменето за полова хигиена и млака вода.
Пред менструален циклус
Доколку не сте знаеле, вагината лачи течност која ја прочистува секој ден од бактерии и течност која е резултат на сексуална возбуда. Овие течности се пообилни и имаат непријатен мирис неколку денови пред да го добиете менструалниот циклус. Затоа не паничете бидејќи ова е природна појава.
Иритирачка долна облека
Памучната долна облека сè помалку е застапена во вашата фиока бидејќи чипката ви делува посекси. Можеби сте во право, но исто така делува и лошо врз вашата вагина со тоа што нејзиниот материјал ја иритира и не ја остава да дише. Користете памучна долна облека барем додека сте дома ако сакате да го одбегнете непријатниот мирис.
Настинка
Исто како во деновите пред менструалниот циклус, вагината поминува низ хормонални промени кои настануваат за време на настинката од здравствено нарушување на организмот. Тогаш течноста е исто така погуста и има непријатен мирис кој исчезнува откако ќе оздравите. Врз нејзиниот мирис може да влијаат и лековите кои ги пиете во меѓувреме.
Нездрава исхрана
Здравата исхрана резултира со здрав, нормален вагинален мирис. Доколку често јадете брза храна, а не зеленчук и овошје тоа може да влијае врз вашето полово здравје. Почесто консумирајте банани, јаготки, лубеница или лимони доколку не сакате непријатен мирис таму долу.