Како да не се разболите кога температурата паѓа за 20 степени?
Познато е дека наглото опаѓање на температури може да биде опасно, посебно за оние со послаб имунитет кои веднаш настинуваат.
Според старата народна поговорка: „Подобро да се спречи, отколку да се лечи“, најдобро е да преземете превентивни мерки пред да качите температура и да останете во кревет.
Облечете се добро
Многу луѓе прават грешка со тоа што не ги очекуваат ниските температури, па излегуваат слабо облечени. Ако притоа имаат и слаб имунитет, лесно може да дојде до настинка или грип. Затоа, подобро е да имате повеќе облека на вас, па да ја соблечете доколку ви е топло, отколку да излезете со тенка облека на ниски температури.
Природни антибиотици
Сезонското овошје и зеленчук се извор на витамини и претставуваат природни антибиотици кои го зајакнуваат имунитетот, делуваат против инфекции и штитат од зарази.
Хронично болни
За оние кои се хронично болни и патат од срцеви заболувања, наглите промени се најопасни. За нив се препорачува да останат во домашни услови додека не се навикнат на температурата и да ги следат упатствата на докторите.
Расположение
Промените на врмето не им влијаат негативно само на метеопатите, туку и на притисокот кај сите луѓе, кој нагло паѓа, па влијае на психичката состојба и расположението. За да не биде тоа така, повторно е неопходен појак имунитет, здрава храна и умерена работа.
Солена соба
Доколку сепак, не успеете да се заштитите пред време, кога веќе ќе настинете и ќе имате проблем со синусите, носот или грлото, покрај сите лекарства, најлесен природен начин за побрзо оздравување се солените соби кои може да ги посетите.