Често болката во гради е нормална, но во некои случаи морате да посетите доктор
Секоја жена во одреден момент може да почувствува болка во градите и тоа во толкава мера, што прераснува во неподнослива.
Секако дека тоа не е баш пријатно чувство, иако во повеќето случаи немате потреба да бидете загрижени, но за да си го зачувате здравјето, сепак обрнете внимание на причините за болка.
Доколку забележите некои промени кај вас, различни од овие, тогаш посетете доктор:
1. За време на „оние денови”
Тоа е период кога повеќето жени чувствуваат болка во градите, поради промените на хормоните. Овој вид на болка во дојките се нарекува циклусна болка, бидејќи е поврзана со менструалниот циклус.
2. Кога повеќе вежбате
Со зголемување на интензитетот на вежбите се зголемуваат и болките во градите. Сепак, болката не доаѓа директно од вашите гради, туку од мускулите кои се наоѓаат под нив. Болката можете да ја намалите со помош на топли облоги или аналгетици.
3. Погрешен број на градник
Погрешниот број на долната облека може да ви направи и остави сериозни последици. Ако градникот ви е помал, поголем или едноставно не ви ја дава потребната потпора, може да предизвика поголема чувствителност на градите.
4. Ако пиете многу кафе со млеко
Кафето и чајот не се директно одговорни за болките во градите, сепак некои истражувања покажуваат дека смалувањето на кофеинот доведува до помали болки, особено во текот на менструалниот циклус.
Сепак не треба да сте загрижени доколку повремено ве болат градите и доколку таа болка трае неколку дена, но ако чувствувате промени или наеднаш таа болка се зголеми, задолжително консултирајте се со вашиот доктор.