Природно и евтино: Едноставни начини за лекување на болното грло
Есента е сезона на грип и настинки, па ако и вие сте „жртва” на болното и суво грло, веројатно до сега ги пробавте сите можни сирупи и лекарства.
Но, она што не знаете е дека кога станува збор за воспаление на грлото, тука најдобро функционираат веќе пробаните, стари рецепти.
Состојките за овие бабински лекови веќе сигурно ги поседувате во вашата кујна, а што е најважно нема да ве чинат многу и за брзо време ќе го излекувате црвеното грло.
Пробајте ги овие едноставни и природни начини за лекување:
1. Мед за плакнење на устата и грлото
Медот ќе ја ублажи болката во грлото, а има и антибактериско дејство. Сѐ што треба да направите е да помешате 1 до 3 кафени лажички мед во една чаша топла вода. Со добиениот пијалак правете гаргара 2 или 3 пати дневно и веднаш ќе почувствувате олеснување.
2. Солена вода
Веќе со векови солената вода се користи за плакнење на устата и грлото, бидејќи дава брзи резултати кога станува збор за воспаленија од тој вид. Половина кафена лажичка сол растопете ја во чаша топла вода и со добиената течност правете гаргара 3 до 4 пати дневно.
3. Нане
Ментолот од нането помага во отворање и чистење на носната шуплина, а особено кога со него правите гаргара. Подгответе чај на вообичаен начин, но наместо 1 кесичка, ставете 2 или повеќе. Со изладениот чај правете гаргара 2 до 3 пати во текот на еден ден.