На многумина ова им е секси: Зошто некои луѓе не можат правилно да кажат „Р“?

Денес, 22 октомври уште во 1998 година е прогласен за Меѓународен ден на луѓето кои пелтечат или имаат говорна маана.

denes-e-svetskiot-den-na-lugjeto-so-govorna-maana-znaete-li-kako-i-zosto-nasatanuva-ovoj-problem-01

Сигурно знаете многу луѓе кои не можат да го изговорат гласот „Р“, па некои го имаат секси призвукот на француското „Р“, други го заменуваат со гласовите „Л, У, Ј или В“.

Но знаете ли како и зошто доаѓа до овој проблем?

Пелтечењето е нарушување на говорот во кое нормалниот тек на говорот е прекинат со повторување или продолжување на говорните звуци, слогови или зборови. Може да им се случи на сите и во различна возраст.

Гласот „Р“ спаѓа меѓу најчестите говорни маани. Овој проблем стручно се нарекува ротацизам, а причините за него може да бидат различни.

Најчесто тоа е нарушување на артикулацијата - дислалија, која пак е причина за време на учењето на гласовите и прозборувањето на малите деца, гласот „Р“ да го научат последен како потежок за изговор.

denes-e-svetskiot-den-na-lugjeto-so-govorna-maana-znaete-li-kako-i-zosto-nasatanuva-ovoj-problem-1.jpg

Во меѓувреме, онаму каде што е потребен децата го заменуваат со други гласови како Л, Ј или У во соодветни зборови (рака – лака, јиба – риба, уамо – рамо) или целосно да го изостават гласот, па да се добијат зборови како: ака, иба, амо.

Со помош на говорни вежби може лесно да се поправи изговорот на овој глас доколку тој постои, но се кажува со потешкотија или изменето.

Сепак, пред да се почне со логопетски вежби за корекција на изговорот добро е да се проверат сите потребни органско-физиолошки функции на говорниот апарат, за да се утврди дека не се работи за здравствена дисфункција, туку само за погрешна навика или учење.

denes-e-svetskiot-den-na-lugjeto-so-govorna-maana-znaete-li-kako-i-zosto-nasatanuva-ovoj-problem-2.jpg

Причини за неправилниот говор може да биде и оштетениот слух кој предизвикува погрешно слушање на гласот, а со тоа и погрешен изговор или јазично нарушување.

Исто така, колку е погрешен или точен изговорот на овој глас зависи и од јазичното подрачје, бидејќи, додека кај нас се смета за погрешен и нарушен изговор на гласот „Р“, истиот тој во францускиот јазик е стандарден, правилен и на многумина им звучи секси.

Разликите треба да се прифатат и нема потреба од потсмевање на нечија говорна маана.

Тоа не е ниту заразна болест, ниту пријатна деформација, но сепак може и да се поправи.

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg