Есенски намирници кои ја лекуваат настинката, го чистат лицето и ги бришат брчките
Кога станува збор за плодовите, есента е богато годишно време, а на вас останува да ги искористите сите хранливи намирници кои таа ги нуди.
Овие плодови ќе ви ја дадат потребната енергија за студените есенски денови и ќе ви помогнат побрзо да оздравите од настинките, но и да се подмладите.
Па време е за пазарење:
1. Јаболко
Помагаат во намалување на лошиот холестерол и ви овозможуваат подобар проток на кислородот во белите дробови. Јаболкото е одличен извор на витаминот Ц и помага во зајакнување на имунитетот, што значи ако сте настинати утрото започнувајте го со ова овошје.
2. Карфиол
Слично како и јаболкото, карфиолот изобилува со витамин Ц. Се смета дека една порција содржи околу 77% од препорачаната доза на овој витамин. Карфиолот ги брише брчките и го намалува ризикот од рак на белите дробови, токму и поради тоа најмногу им се препорачува на пушачите.
3. Тиква
Ако ве мачи алергија, тогаш тиквата е одлична за вас. Таа ги штити ДНК ќелиите од предвремено стареење и мутација, а посебно им се препорачува на луѓето кои имаат болести на желудникот и цревата.
4. Кељ
Овој зеленчук изобилува со витамините А, Ц, Е и магнезиум, кои го зајакнуваат имунитетот. Кељот го чисти организмот од токсини и помага во ублажување на кивавици и кашлица кај луѓето кои патат од алергија на полен.
5. Мандарини
Содржат двапати повеќе витамин Ц од портокалот, а богати се со фолна киселина и бета каротен, кои се неопходни за здраво варење на храната. Мандарините ве заситуваат и го регулираат нивото на шеќер во крвта.