Како да станете отпорни на стрес?

Општо познат факт е дека вежбите значително го подобруваат расположението, но најновото научно сознание може целосно да ви го промени секојдневието.

naucnicite-otkrija-kako-da-stanete-otporni-na-stres-01.jpg

Истражувањето кое беше спроведено минатата недела има фантастични резултати за оние кои се изморени од секојдневниот стрес и напнатоста.

Покрај стандардните вежби и тренинзи кои би требало да ги практикувате барем 2 пати во неделата, овие минимални промени во вашата дневна рутина може да ве направат двојно поотпорни на сите стресни влијанија.

Еве што можете да испробате уште денес:

1. Шетајте додека ги читате мејловите на вашиот смартфон. Полесно ќе ги прифатите сите негативни вести или забелешки ако телото ви е активно.

2. Користете ги скалите наместо лифтот. Ова ќе ви ги ослободи мислите од стресот, а воедно и ќе ви го зацврсти долниот дел од телото.

3. Стојте додека работите. Стоењето согорува изненадувачки голем број калории, што понатаму води до ослободување од честичките кои ви предизвикуваат стрес. Пробајте да отстоите барем третина од работното време - разликата ќе ја почувствувате истиот ден.

4. Создадете простор за состаноци без столчиња. Ова ќе го намали стресот на сите присутни, кои воедно ќе се чувствуваат помоќно ако зборуваат или презентираат „од нога.“

Кој совет и да го примените, од клучно значење е да преземете нешто околу стресот со кој секојдневно се среќавате. Жалењето оставете им го на другите.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg