Народен рецепт: Излечете го грлото за 4 часа
Кимот и коњакот се многу ефикасни за лечење на воспаление на грлото и крајниците, а гарантираат и брзо заздравување во полесните случаи.
Нашите предци имале големо искуство во лечењето на различните болести и знаеле многу корисни рецепти.
Народен лек кој е многу ефикасен рецепт за лечење на воспаление на грлото и крајниците, може да ви го излечи грлото и за само 4 часа!
Рецепт за пијалакот за воспаление на грлото и крајниците:
80 g мелен ким, прелијте го со 200 ml вода и варете 15 минути. Ќе добиете густа течна маса која е слична на талогот од кафе.
Процедете ја и додајте 50 ml вода, па повторно ставете ја да зоврие.
Тргнете ја од оган и додајте 1 лажичка вињак или коњак.
Како да го консумирате?
Пијте на секој половина час по 1 лажичка. Веќе по 2 часа, болката во грлото постепено ќе исчезнува. По 4 часа може да го прекинете третманот.
Пијте и подолго, ако имате посилни болки. Овој пијалак им се препорачува на сите кои се веќе подложни на настинки, често имаат воспалено грло и крајници.