4 пива неделно ја уништуваат спермата
Можеби мислевте дека по некоја чаша пиво не влијае негативно на здравјето, но изгледа дека само 4 пива неделно може да нанесат голема штета кај мажите.
Истражувањето кое е спроведено на здрави момци кои пијат нешто повеќе од 3 пива неделно, покажало дека дури и таа мала количина влијае на квалитетот на спермата.
Истражувачите утврдиле дека мажите кои внесуваат повеќе од 7,5 единици алкохол неделно имаат послаба сперма. А, затоа што пивото има околу 2,7 единици алкохол, со 4 испиени чаши ја преминувате границата.
Секако, оштетувањето на спермата се зголемува право пропорционално со количината на алкохолот, велат данските истражувачи.
Лицата кои учествувале во ова истражување во просек пиеле по околу 16 единици алкохол неделно, што е околу 1 пиво дневно.
Колку повеќе пиеле, нивниот организам произведувал помалку сперма, чиј квалитет бил драстично намален.
Заради тоа, стручните лица предупредуваат дека треба да пиете умерено и да внимавате на навиките поврзани со алкохолот, затоа што вашата плодност зависи токму од нив.