10 работи кои не ги знаевте за потењето: Потта не мириса и ви помага да си најдете партнер

10-raboti-koi-ne-gi-znaevte-za-potenjeto-potta-ne-mirisa-i-vi-pomaga-da-si-najdete-partner-01.jpg

Иако навидум потењето ви се чини како проблем кој не би сакале да го имате, сепак е корисно.

Сигурно постојано ви создава некои непријатности оставајќи траги на облеката или кога ве издава пред некој важен состанок со тоа што ви се потат рацете.

Но, сè она што се случува во организмот има и зошто е така, тоа ви го откриваат следните 10 работи поврзани со потта:

1. Имате околу 4 милиони потни жлезди
Тие се активираат при секоја активност, но различно количество пот излачуваат.

10-raboti-koi-ne-gi-znaevte-za-potenjeto-potta-ne-mirisa-i-vi-pomaga-da-si-najdete-partner-1.jpg



2. Се потите повеќе отколку што мислите
Оние кои имаат постојано топла клима, дневно излачуваат пот од близу 4 литри.

10-raboti-koi-ne-gi-znaevte-za-potenjeto-potta-ne-mirisa-i-vi-pomaga-da-si-najdete-partner-2.jpg



3. Потта е клучна за тоа што луѓето се главни во синџирот на исхрана
Луѓето можат сами да ја контролираат или барем делумно да влијаат на потта која се излачува од нивните тела. Останатите суштества кои не можат да ја контролираат го шират својот телесен мирис наоколу, па така лесно оставаат траги за ловење од страна на помоќните кои се хранат со нив.

10-raboti-koi-ne-gi-znaevte-za-potenjeto-potta-ne-mirisa-i-vi-pomaga-da-si-najdete-partner-3.jpg



4. Потта не мириса
Повеќето пот е составена од околу 99% вода и 1% сол Ниедна од овие состојки не мирисаат на нешто посебно.

10-raboti-koi-ne-gi-znaevte-za-potenjeto-potta-ne-mirisa-i-vi-pomaga-da-si-najdete-partner-4.jpg



5. Има два вида на пот
Потта која содржи најмногу вода е најчестата пот која излегува од телото. Онаа која ви излегува под пазувите содржи масти и протеини, покрај водата и солта.

10-raboti-koi-ne-gi-znaevte-za-potenjeto-potta-ne-mirisa-i-vi-pomaga-da-si-najdete-partner-5.jpg



6. Двата вида пот се контролирани од два одделни дела во мозокот
Хипоталамусот ги контролира хормоните кои ја регулираат телесната температура, таму се одвиваат механичките процеси кои ја даваат командата за потење, најчесто при физички активности. Додека амидгалата го активира потењето во емотивните и психичките процеси.

10-raboti-koi-ne-gi-znaevte-za-potenjeto-potta-ne-mirisa-i-vi-pomaga-da-si-najdete-partner-6.jpg



7. Никој не знае зошто се поти во одреден момент
Без разлика дали е дел од физички или хемиски процес, понекогаш навистина не сакате и немате потреба да се потите. Дури и кога мислите дека сте сосема рамнодушни и безгрижни, потта на рацете, нозете, лицето или воопшто на некој дел од телото ве издава.

10-raboti-koi-ne-gi-znaevte-za-potenjeto-potta-ne-mirisa-i-vi-pomaga-da-si-najdete-partner-7.jpg



8. Потта е она што ви помага за да го најдете соодветниот партнер
Студиите покажале дека главниот фактор во наоѓањето на партнерот не е парфемот кој го ставате, туку онаа бактерија во потта која го издава вашиот природен мирис и кој за некои луѓе е токму она што ги привлекува, дури и без да се свесни.

10-raboti-koi-ne-gi-znaevte-za-potenjeto-potta-ne-mirisa-i-vi-pomaga-da-si-najdete-partner-8.jpg



9. Преголемото количество пот и честото потење може да се сметаат за болест
Доколку тоа ви се случува многу често и на секој дел од телото или излачувате преголемо количество пот, тогаш се препорачува да посетите доктор кој ќе ви препише терапија за регулирање, а во некои случаи може да биде неопходна и операција на некои од потните жлезди.

10-raboti-koi-ne-gi-znaevte-za-potenjeto-potta-ne-mirisa-i-vi-pomaga-da-si-najdete-partner-9.jpg



10. Не е добро ниту воопшто да не се потите
Иако би помислиле дека ако не се потите нема да има што да ве издаде или да ви предизвика непријатност, оставајќи ви траги на облеката, сепак не е добро и воопшто да не се потите.

Додека некои имаат проблем со преголемото количество пот, други имаат проблем со тоа што воопшто не се потат.

Со тоа сите отрови остануваат во нивното тело, а при многу високи температури не би преживеале, доколку телесната температура не се намали со излачување на потта.

И во овој случај треба да посетите доктор, бидејќи постојат медицински третмани со кои сето тоа може да се регулира.

10-raboti-koi-ne-gi-znaevte-za-potenjeto-potta-ne-mirisa-i-vi-pomaga-da-si-najdete-partner-10.jpg

Би можело да ве интересира:

Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg