3 рецепти за домашно лечење на кандидата
Во борбата со оваа здодевна и упорна габична инфекција, покрај лековите кои ќе ви ги препише лекарот, добро ќе ви дојдат и неколку природни рецепти.
Габата кандида живее во човечкото тело постојано, но проблемот настанува кога ќе почне прекумерно да се размножува.
Затоа, во борба со оваа непријатна појава потребно ви е трпение и упорност. За лечењето да биде поуспешно, ова се природните рецепти кои може да ви помогнат.
Вагиналети и измивање
Исчистете едно парче бел лук, па потоа низ него провлечете конец со помош на дебела игла, или пак замотајте го во чиста газа. Пред спиење, ставете го како вагиналета, а наутро отстранете го. Добро проверете ја издржливоста на конецот или газата пред да го искористите.
Разредете 1 лажица сода бикарбона во чаша провриена вода. Кога ќе се олади, со растворот измијте го интимниот дел. Постапката повторувајте ја 7 дена, а потоа направете пауза.
Кантарион
Чајот од кантарион е ефикасно средство против кандидата. 1 лажица кантарион прелијте со 2dl зовриена вода и варете 15тина минути. Пијте по ¼ шолја 3 пати во денот.
Здрав коктел
Состојки:
- Чаша јогурт
- 2 чешниња бел лук
- 1 морков
- ½ лажица цимет и ѓумбир
Изрендајте ги сите состојки и додајте ги во јогуртот. Зачинете, па оставете го да отстои неколку часа. Можете да го консумирате како салата еднаш во денот.