Спиење со градник - добро или лошо по здравјето и изгледот на градите?

Огромен број од жените се во дилема - дали ако спијат со градник ќе имаат поцврсти гради, или ризикуваат да заболат од рак на градите. Сега, конечно беше спроведено истражување на оваа тема.

spienje-so-gradnik-dobro-ili-loso-po-zdravjeto-i-izgledot-na-gradite-01.jpg

Дел од жените носат градник само заради тоа што не го сакаат оцртувањето на брадавиците, други пак го обожаваат чувството кога градите им се стегнати во него.

Можеби сте слушнале многу приказни дека ако не го соблечете градникот ќе добиете рак и дека градите ќе ви се опуштат. Но, вистината е следнава – не постои доказ кој укажува на негативни последици по здравјето.

„Нема доказ дека спиењето во градник влијае на женското здравје, ниту позитивно, ниту негативно,“ вели докторката Амбер Гат.

Од друга страна, не постојат ниту предности заради кои треба да спиете со градник. Градите нема да бидат ниту поцврсти, ниту подобро обликувани заради тоа.

Промените на градите најчесто се случуваат заради стареење, бременоста и доењето, не заради облеката или начинот на кој спиете.

Сепак, доколку сте жена која спие со градник, најдобро би било да одберете мек материјал и модел без жици или вметнати перничиња.

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg