Дали цел живот спиете погрешно?
Дури и ако се храните здраво и редовно вежбате, тоа нема да ви биде од голема корист ако во текот на ноќта не спиете како што треба.
Можеби мислите дека спиете доволно, но многу научници тврдат дека начинот на кој спиеме многу влијае на квалитетниот сон.
Откријте кои се 10-те грешки и како да ги поправите за наутро да се будите ведри и одморени.
1. Перниците користете ги само за главата
Ако спиете на грб, една перница ставете под колената за да го намалите притисокот на долниот дел на грбот. Од друга страна, ако сакате да спиете на страна, една перница ставете под горната рака, а една помеѓу нозете. Така телото ќе има правилна положба.
2. Спијте на стомак
Многу луѓе сакаат да спијат на стомак, а не знаат дека тоа е многу лошо. Имено, за да дишете мора да ја свртите главата на една страна така во целост ќе го извиткате вратот. Долгорочно тоа може да доведе до проблеми со вратот и до главоболка. Добра вест е дека не морате да се одречете од спиењето на стомак, само треба да знаете да се прилагодите. Раката и ногата ставете ги на истата страна на која ви е завртена главата и под раката да ставите перница. Така притисокот на вратот ќе биде помал и полесно ќе дишете.
3. Пиете алкохол навечер
Вистина е дека алкохолот може да ви помогне да заспиете, но во исто време алкохолот го намалува квалитетот на самиот сон. Всушност, колку повеќе ќе испиете, толку полошо ќе спиете и наутро ќе бидете поуморни.
4. Немате одредено време за спиење
Ако во понеделник навечер си легнете во девет часот, а во вторник се излежувате гледајќи телевизија до доцна, вашиот организам нема да знае во кое време треба да се „исклучи“ следниот ден. Ако имате одредено време кога си легнувате и ако станувате во исто време вашиот организам ќе научи кога е времето за спиење. Тоа значи дека будењето ќе биде полесно.
5. Во викендите подолго спиете
Имате навика во текот на работната недела да спиете помалку, а потоа да го „надоместите“ сонот за време на викендот? Научниците тврдат дека тоа и не оди баш така. Едно истражување неодамна покажало дека недостатокот на сон може да доведе до трајно оштетување на мозокот и да ја намали неговата активност. Спиењето од цела недела не може да се надомести во викендот.
6. Легнувате со полн стомак
Ако вечерате помалку од 3 часа пред спиењето тоа може значајно да влијае на квалитетниот сон, бидејќи се зголемува ризикот од проблеми со цревата. Најдобро би било да вечерате најмалку 3 часа пред да си легнете, а ако сакате да грицкате нешто навечер, нека биде нешто лесно.
7. Спиете во положба на фетус
Една од популарните положби за спиење не е оптимална, бидејќи во таа положба телото тешко дише. Научниците советуваат луѓето кои спијат вака згрчено да стават една перница помеѓу нозете, а една под горната рака, за барем малку да им се исправи половината.
8. Спиете на душек кој е постар од вас
Душеците со федери во просек траат 5 до 10 години. Ова варира во зависност од квалитетот на самиот душек, но и од вашата тежина и од тоа колку се вртите во текот на ноќта. Ако вашиот душек има вдлабнатина во средината или ако телото ви пропаѓа кога ќе се спуштите на креветот, време е да купите нов душек.
9. Немате ролетни во собата
Можеби звучи банално, но ролетните може да влијаат на вашиот сон. Всушност, ако немате ролетни може и да не спиете добро, бидејќи светлината од улицата или некој автомобил може да ве разбуди. Човечкиот организам најдобро спие во мрак.
10. Спиете со домашното милениче
Сопствениците на миленичиња обично не можат да одолеат и често своите миленичиња ги пуштаат во спалната соба. Но, студиите покажуваат дека тоа не е правилно, бидејќи дури и до 63 отсто од оние кои спијат заедно со нив во кревет, имаат проблеми со сонот.