Зошто не слабеете, а јадете само салати?
Ако имате впечаток дека салатите кои ги подготвувате не ви помагаат во слабеењето, можно е да сте западнале во најчестата замка и да сте заборавиле на калориите кои се кријат во маслото.
Маслиновото масло е вкусно и секогаш се нагласува како здрава алтернатива, па луѓето не размислуваат за намирниците кои ги комбинираат со него.
Во подготовката на салата со туна, посебно нездраво и калорично е доколку додадете маслиново масло. Замислете уште да додадете некој сос и на чинијата имате мала калориска бомба.
Доколку јадете чиста салата од зеленчук, без додатоци како туна, варени јајца или морски плодови, во ред е да додадете маслиново масло. Во спротивно, избегнете го.
Сепак, најпрепорачливи се свежите салати без додатоци како сол, зачини, масла и сосови доколку сакате да постигнете резултати.