Бојата на коса може да ви ги открие болестите кои ви се закануваат
Косата е украс на лицето, па како што се знае дека тенката и кршлива коса упатува на проблеми во органите за варење или нервниот систем, исто така и самата боја може многу да ви каже за вашето здравје, но и за болестите на кои сте подложни.
Руса коса
Сенилна макуларна дегенерација е болест поврзана со стареењето која постапно го уништува централниот вид на која најчесто се склони жените. Поточно, на оваа болест се склони жените со посветла коса, односно русокосите. За да ја спречите, добро е да внесете во исхраната спанаќ и кељ, како и останатиот зелен зеленчук кој содржи лутеин и зеакстанин. Исто така русокосите може да страдаат и од недостаток од меланом кој помалку се произведува кај нив, па препорачливо е кога излегуваат на сонце да се заштитуваат со креми со поголем заштитен фактор.
Црвена коса
Според неколку истражувања воочено е дека анестезијата послабо делува кај црвенокосите луѓе. Не се знае точно зошто е тоа така, но се смета дека тоа има врска со мутацијата на генот кој е одговорен за бојата на коса. Следен пат кога ќе одите на забар, побарајте посилна доза на анестезија.
Покрај ова, едно харвардско истражување покажало дека црвенокосите жени имаат поголем ризик од Паркинсова болест. Развојот и напредувањето може да се спречат со внесување на мултивитамини.
Темна боја
На бринетите почесто им паѓа косата отколку на жените со посветла коса, покажале неколку истражувања. Се верува дека причината за тоа е што бринетите имаат помалку коса. Покрај тоа нивните влакна се помалку отпорни на внатрешни и надворешни влијанија. Паѓањето на косата може да се спречи со правилна исхрана и употребата на витамински суплементи.