Дали ставате антиперспирант во вистинско време?
Ако сте мислеле дека антиперспирантот треба да го ставате само по туширање, не сте во право. Докторката Ди Ана Глесер, директорка на Меѓународното друштво за хиперхидроза, тврди дека антиперспирантот не треба да го ставате по туширањето, туку навечер.
При ставањето антиперспирант најважно е времето. Треба секогаш да го нанесувате пред спиење. За време на спиењето до кожата доаѓа вистинската количина на пот, па се впива на активните состојки од производот и така се спречува потењето.
Ако антиперспирантот го нанесете наутро, нема да биде максимално делотворен. Ако го нанесете навечер нема да има потреба да го користите повторно наутро.
Дури и ако се истуширате, нема да го избришете неговото дејство од вечерта.