Како стресот го уништува вашето тело?

Стресот ја цеди вашата енергија и ве прави да се чувствувате како целиот свет да ви се распаѓа и како да немате волја ништо да преземете околу тоа.

kako-strsot-go-unistuva-vaseto-telo-1

Секојдневниот стрес може да направи неред во вашиот ум, но и во вашето тело на многу посериозен начин отколку што си мислите.

Погледнете ги симптомите на стрес и дознајте како поедноставно да се справите со несаканите ефекти:

1. Се чувствувате исцрпени

Анксиозноста ве држи будни ноќе, а наутро се будите гневни и се чувствувате како да го мразите целиот свет. Но, добрата вест е дека три часа активна работа во текот на неделата ќе ви помогнат да се ослободите од стрес. Затоа, наместо да користите превоз до дома, пешачете после работа, тоа е најмалку што можете да направите за да се ослободите од стрес.

2. Си игра со вашето либидо

Кога вашиот ум е на друго место, тешко е да се расположите за во спалната соба. Хроничниот стрес го намалува производството на естрогени и вашата желба за секс е сведена на минимум. Затоа во мигови на стрес концентрирајте се на здрава исхрана и скратете на брзата храна.

3. Го забавува метаболизмот

Немате апетит, а се чувствувате прејадени. Тоа се случува поради фактот што хроничниот стрес го забавува вашиот метаболизам, а најдобар лек за тоа е да се упатите кон фитнес центарот, да пиете течности и да јадете овошје.

4. Понекогаш полудувате...

Кога ве фаќа паника и се чувствувате како да полудувате, тоа е знак дека стресот си игра со вашите секс хормони. Можете да се обидете да користите контрацепција, секако ова важи за девојките, а за останатите посетете го докторот ако симптомите се влошат.

5. Заборавате

Стресот не прави да се чувствуваме беспомошни и директно влијае врз оној дел од мозокот каде се складира меморијата. Ако почнете да заборавате факти, листи, настани, денови тогаш бидете сигурни дека тоа се должи на стресот. Освен тоа, ако навреме не му се спротивставите на стресот, може да биде тешко да создадете нови спомени.

kako-strsot-go-unistuva-vaseto-telo-2

7. Дебелеење

Кога луѓето се под стрес често посегнуваат по храна. Ова важи особено за жените, кои често заради стресот внесуваат повеќе шеќери и маснотии во организмот и за брзо време се накачуваат вишок килограми.

8. Губење на коса

Ако забележите дека косата зачестено ви паѓа, за разлика од порано, тогаш бидете внимателни бидејќи станува збор за стрес од минатото кој сега ги покажува несаканите ефекти. Паѓањето на косата се случува после 3 или 6 месеци откога сте соочиле со ситуацијата која ви предизвикала стрес. Добрата вест е тоа што тоа е привремено, а со помош на здрава храна и балансирана диета ќе ги зацврстите влакната и ќе ги излечите фоликулите на косата.

9. Болки во грбот

Кога сте под стрес, чукањето на срцето се забрзува, а вашиот крвен притисок расте. Во тие мигови, мускулите се собираат и предизвикуваат болки кои најчесто се појавуваат на грбот. За да се ослободите од болката секој час станувајте и истегнете го грбот.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg