5 Причини плус зошто компирот треба да е дел од вашата исхрана
Во облик на помфрит, печен или во чорба, како и да го зготвите има одличен вкус, но и содржи многу состојки кои му се потребни на нашиот организам.
Ако сакате да си го зачувате здравјето, тогаш компирот нека биде дел од вашето неделно домашно мени.
Без разлика дали станува збор за појадок, ручек или вечера овие 5 причини плус ќе ве натераат веднаш да си зготвите вкусен оброк со компири:
1. Огромно количество на калиум
Еден голем и неизлупен компир содржи дури 1.600 милиграми калиум, што е речиси половина од дневната препорачана количина и четири пати повеќе отколку што содржи една банана со средна големина. Калиумот не само што е добар за хидратација и издржливост кај атлетите, туку игра важна улога во намалување на крвниот притисок.
2. Богат е со природни влакна
Тоа важи само ако компирот го јадете со лушпата. Еден голем компир содржи дури 7 грама на влакна, што е ¼ од потребната количина во текот на денот. Откога ќе ја отстраните лушпата останува само 1 грам од влакната. Храната богата со влакна овозможува подолго време да останете сити, а го намалува ризикот од срцев удар, го намалува холестеролот и помага во спречување на дијабетесот.
3. Содржи здрава доза на витамин Ц
Компирот со лушпа содржи огромна количина на витамин Ц, односно во еден голем компир има дури 29 милиграми, а тоа е половина од неопходната дневна количина. Витаминот Ц е важен антиоксиданс и помага во брзото лекување на рани.
4. Извор на манган
Манганот е важен за варење на протеините, јаглените хидрати и холестеролот, а може да биде вклучен и во формирање на коските. Еден голем компир со лушпа содржи 1/3 од неопходното дневно количество на манганот.
5. Богат со витамин Б6
Витаминот Б6 е потребен за кардиоваскуларното здравје, дигестивниот, имунолошкиот, мускулниот и нервниот систем. Освен тоа, тој влијае врз производството на неопходните мозочни хормони. Еден голем компир ве обезбедува со 46% од препорачаната дневна доза од витаминот Б6.