8 причини зошто веднаш да каснете коцка чоколадо
На наше задоволство, научните истражувања велат дека секој ден треба да консумираме темно чоколадо како десерт. Еве зошто...
1. Коцка темно чоколадо има 5 пати повеќе флавоноиди (антиоксиданси кои помагаат кај запушените вени и артерии) од едно јаболко.
2. Чоколадото кое има над 65% какао е најздрав десерт.
3. Некои доктори препорачуваат во просек по околу 80g чоколадо во текот на денот за добро расположение и максимум енергија.
4. Темното чоколадо помага кај високиот холестерол.
5. Чоколадото го подига нивото на серотонин и ендорфин во мозокот, што значи колку повеќе чоколадо консумирате толку сте посреќни.
6. Чоколадото има повеќе антиоксиданси од овошните сокови.
7. Еден ред темно чоколадо на ден го намалува ризикот од срцев и мозочен удар за 39%.
8. Чоколадото го контролира нивото на инсулин и го намалува ризикот од дијабетес.