Јадете само овошје, а не губите килограми? Еве зошто
Многумина веруваат дека овошјето е најздравата исхрана која постои, што не е далеку од вистината. Но, ако верувате дека овошјето не дебелее, тогаш грешите.
Иако овошјето има голема количина на витамини, влакна и антиоксиданси, и тоа има свои маани. Поточно, единствената голема маана е што е полно со шеќер таканаречен фруктоза.
Овошјата како банани, грозје, сливи, праски, па дури и некои јаболка содржат повеќе калории и шеќери отколку што мислевте.
Што значи, зголемувањето на килограми не е единствениот здравствен проблем поврзан со зголемената консумација на фруктоза. Таа може и да го зголеми нивото на триглицериди и да им наштети на вашите заби.
Се прашувате кои овошја ви одмагаат да ослабете и не се ваши сојузници?
1 свежа смоква = 2g фруктоза или половина лажичка шеќер
8 цреши = 2.4g фруктоза или половина лажица шеќер
1 парче диња = 3g фруктоза или нешто повеќе од половина лажица шеќер
1 портокал = 3.6g фруктоза или ¾ лажичка шеќер
5 јагоди = 4g фруктоза или 1 кафена лажица шеќер
Чаша сок од портокал = 5g фруктоза или 1 лажичка шеќер
1 банана = 5.5g фруктоза или 1 кафена лажица шеќер
1 мало манго = 6g фруктоза или нешто повеќе од 1 лажичка шеќер
1 грејпфрут = 7g фруктоза или 1 и ½ лажичка шеќер
20-25 зрна грозје = 8.7g фруктоза или речиси 2 лажички шеќер
1 круша = 11g фруктоза или 2 и ½ лажички шеќер