Застрашувачки: Што им прави пушењето на вашите бели дробови? (видео)

На сите ни е добро познато дека пушењето е штетно за здравјето и дека значајно го зголемува ризикот од фатални заболувања. На ова видео сликовито се прикажува колкава штета пушењето им нанесува на белите дробови.

sto-im-pravi-pusenjeto-na-vasite-beli-drobovi-video-01

Влијае како на нивниот капацитет, така и на нивната состојба и изглед.

Димот од цигари содржи повеќе од 4.000 хемикалии, вклучувајќи и до 70 канцерогени и стотина отровни.

Пушењето е еден од најчестите причинители на хроничните опструктивни болести на респираторниот систем. Предизвикува оштетување на дишните патишта што доведува до развој на оваа состојба.

Пушењето може да ги влоши и симптомите кај луѓето кои боледуваат од астма и други белодробни заболувања.

Сепак, оние кои ќе го остават до 40-тата година може да си го продолжат животот за 10 години, открива едно истражување.

Ова видео служи за да покаже како изгледаат белите дробови на пушачите и на непушачите. Здравите се со розеникава боја, додека оние кај пушачите се со темна, речиси црна боја.

Покрај тоа, капацитетот за кислород кај здравите бели дробови е многу поголем од оној кај оштетените.

Видеото добро ја прикажува разликата која ќе ве запрепасти:

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Вие прашувате, психолог одговара: „Откако ме дијагностицираа со мултипла склероза, сопругата ме оста... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Испукани агли на устата (жвали) - зошто се појавуваат и како да ги излечите? Доколку не ги лекувате испуканите агли на устата, инфекцијата може да се прошири...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg