Откажете го пушењето само со 2 вежби
Вежбите за дишење не се изум на модерната медицина. Повеќе од еден миленум активно се користат и во јогата. Таквите вежби значително влијаат на човековиот организам.
Помагаат за правилно развивање и ги тренираат органите за дишење и чистењето на организмот од несаканите ефекти на пушењето.
Вежбите се изведуваат многу едноставно, така што може да ги одберете и да ги правите секое утро и во текот на денот. По овие вежби, желбата за пушење целосно исчезнува.
Вежба 1
Кога ќе почувствувате силна желба за пушење, излезете на свеж воздух. Исправете се и опуштете се. Вдишете воздух со полни гради и задржете го во себе околу 3-5 секунди. Потоа полека издишете. Повторете ја оваа вежба 10 пати. По оваа вежба може да почувствувате лесна вртоглавица која е поврзана со заситеноста на мозокот со кислорад. Главен резултат е тоа што постепено, желбата за пушење исчезнува.
Вежба 2
Бавно вдишете воздух низ носот и малку побрзо издишете. Ако се поистоветите со парна локомотива, тогаш вежбата не само што ќе биде ефикасна, туку и забавна. Почнете да ја правите полека и посепено зголемувајте го темпото. Во еден циклус направете 30 вдишувања и издишувања. По секој циклус правете по 1 минута пауза. За да го добиете резултатот, повторете ја вежбата 5-6 пати. Постепено ќе помислите на тоа дека не размислувате многу често за пушењето.