Први 4 знаци на бременост

prvi-4-znaci-na-bremenost-01

Раната бременост најбрзо и најлесно се открива со помош на тест, но постојат и некои суптилни знаци кои укажуваат на бременост, а најчесто тоа се болните и отечени гради, како и заморот.

Замор

Заморот е најчест знак за рана бременост, а тоа е последица од бројни промени кои се случуваат во телото. Првите недели се важни за развојот на плодот, па телото е оптоварено максимално.

Доколку се сомневате на бременост, не се обидувајте да се разбудите со дополнителни шолји кафе, туку направете тест.

prvi-4-znaci-na-bremenost-1.jpg



Чувствителност на мириси и вкусови

Мирисите кои не ви се пријатни, како млеко или дим од цигари, ќе ви станат уште поодвратни.

Познато е дека уште во најраната фаза на бременост сетилото за вкус станува изразито почувствително, дури и на најблагите мириси на храна или чај.

Ако почне да ви пречи и мирисот на омилениот парфем, може да претпоставите дека сте трудни.

prvi-4-znaci-na-bremenost-2.jpg



Мачнина и повраќање

Чувството на мачнина и повраќање се сигурни симптоми на рана бременост. Ако досега не сте се посомневале, време е да купите тест.

На цела среќа, мачнините престануваат по 12 недели, но не значи дека сите ги чувствуваат во ист период.

По правило, мачнината е позитивна бидејќи го зголемува нивото на бета – ХЦГ хормоните.

prvi-4-znaci-na-bremenost-3.jpg



Чувствителни гради

Ако градите почнуваат нагло да ви растат и стануваат болни на допир, тоа е чест показател дека сте трудни. До тие промени доаѓа во периодот од 6 дена до 6 недели по зачнувањето.

Болните и чувствителни дојки се пред сè нормална и присутна појава во раната бременост. А

ко жената е повеќе пати трудна, интензитетот на оваа појава може да се разликува од бременост до бременост.

prvi-4-znaci-na-bremenost-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg