4 фактори кои одредуваат колку долго ќе живеете
Според едно ново истражување направено во магазинот „Превентивна медицина“ животниот век може да се продолжи ако се избегнуваат 4 лоши животни навики: пушење, алкохол, лоша храна и неактивност.
Во истражувањето научниците од Универзитетот во Цирих учествувале 16.720 луѓе, на возраст од 16 до 90 години.
Целта на истражувањето била да се утврди како изгледаат здравите навики изразени во бројки, а со тоа да се докаже како да се избегнат негативните фактори кои може да допринесат за продолжување на животниот век.
Истражувањето покажало дека пушењето е дефинитивно најголемиот фактор на ризик, а пушачите имаат 57% поголем ризик од прераната смрт.
Исто така луѓето кои не избегнуваат ниедна од овие 4 лоши навики имаат два и пол пати поголем ризик од прерана смрт.
Покрај тоа, влијанието на нездравиот начин на живот се зголемува со текот на годините. За личности на возраст помеѓу 45 и 55 години кои пушат, пијат алкохол и не вежбаат, а притоа и нездраво се хранат ефектот на негативен фактор значително е помал од оној кај личностите на возраст помеѓу 65 и 75 години.
Очекувањата дека личноста од 75 години ќе ги доживее следните 10 години изнесува 67 отсто.
Со прекинувањето на пушењето, умереното пиење алкохол, редовното вежбање и здравата исхрана со сигурност може да си го продолжите животниот век за 10 години.