6 работи кои се случуваат во телото на кое му недостасува вода
Постојана дебата се води околу тоа колку чаши вода на ден треба да се внесува во човечкиот организам, но ретко кој истакнува зошто. Така, многу научни истражувања тврдат дека идеална количина се 8-9 чаши вода на ден. Но, што се случува во телото ако не ги внесеме?
1. Голема е веројатноста дека ќе водите битка со здравјето. Со поголемо внесување на вода во организмот, ги намалувате шансите за добивање на каменчиња во бубрег, рак на системот за варење и уринарниот тракт и срцевиот удар.
2. Без вода нема брз метаболизам. Човечкиот метаболизам се забрзува паралелно со количината на вода која ја внесувате, тоа е основно правило.
3. Ќе морате да се потрудите повеќе околу извршување на обврските. Мозокот на дехидрираниот човек се притиска и намалува, така што ќе му биде потребно двојно повеќе време за извршување на обврските.
4. Зголемена желба за јадење. Лицата кои пред секој оброк внесуваат 2 чаши вода во организмот, внесуваат 75 до 90 калории помалку. Во текот на 3 месеци, личностите кои се хранат на овој начин губат до 2,5 килограми.
5. Кожата изгледа набрано и постаро. Водата на хидрира кожата, ги пополнува ситните линии и брчки и го освежува тенот.
6. Без вода, расположението опаѓа. Дехидрираните лица често пати се чувствуваат слабо и немоќно, збунето, луто и депресивно, за разлика од луѓето кои често консумираат вода.