4 причини зошто сте постојано изморени
Се грижите за вашиот сон, спиете по 8 часа во текот на ноќта, но наутро очите и понатаму ви паѓаат, а вие никако да сфатите зошто сте проклето изморени...
Погрижете се да ги избегнете и овие 4 навики кои ви ја исцрпуваат енергијата:
Во саботите спиете до пладне
Не постои поголемо задоволство од алармот кој не ѕвони за време на викендот, но одолжувањето на сонот има и лоша страна. Кога имате стекнато навика, вашето тело знае кога треба да се разбуди, а кога повторно да одмори. Меѓутоа, неколку саати повеќе може да го нарушат тој систем и да го збунат телото.
Докторите препорачуваат за време на викендот да спиете максимум 2 часа подолго отколку во текот на работната недела. Подгответе си кафе, појадок и започнете го денот порано. Секогаш можете да дремнете попладне.
Залепени сте за мобилниот телефон
Ова веќе неколку пати сте го слушнале, а повторно го практикувате секојдневно... Не го носите својот мобилен телефон во кревет! Синото светло кое го испуштаат телефоните може да го прекине производството на мелотонин, кој ве прави поспани.
Најдобро е да го исклучите телефонот, а не да се залажувате со негово оддалечување.
Не вежбате веќе 4 месеци
Вежбањето е вообичаен рецепт за подобар сон, но тешкиот тренинг кој ќе го направите денес не значи дека вечер ќе ве успие како бебе.
Истражувањата покажале дека ви се потребни најмалку 4 месеци константен тренинг, пред да почувствувате ублажување на несониците.
Го разгаливте миленикот
Без оглед дали чувате куче или мачка, миленикот би требало да си спие на неговото место. Над 20% од луѓето кои патат од несоница имаат проблем со своите миленичиња во текот на ноќта.
Вообичаено им пречи нивното рчење, мавтање со опашот и топлината од крзното. Затоа, навикнете ги дека вашата соба е исто што и нивната куќичка за спиење - не се дели!