Зошто треба да се откажете од сунѓерот за туширање?
Сунѓерот или мрежичката која ја користите за време на бањањето, не е најдобро решение за отстранување на нечистотијата.
Сунѓерите ги собираат мртвите клетки од кожата на телото, а кога ќе ги оставите да се исушат до следното користење, тоа е совршено време како би развиле голем број бактерии.
Секој пат кога сунѓерот или мрежата ќе се натопи, бактериите започнуваат да се развиваат. Така, вчерашната нечистотија ја враќате на своето тело во уште полош облик.
Ако сите коцки се поклопат, во најлош случај може да дојде и до развој на стафилокока.
Иако кожата е еластичен орган кој има способност да ве заштити од голем број на бактерии, вашите пори, рани или гребаници се секогаш помалку отпорни. Токму тие се местата од каде ги внесувате најголемиот број на бактерии.
Ако и по ова морате да го користите сунѓерот и се чувствувате зависни од него, еве како да го намалите ризикот од бактерии:
- Исушете го сунѓерчето. Извадете го од влажната околина и ставете го на прозорот, каде воздухот циркулира. Уште една опција е сушењето со фен и повторното ветреење на воздух.
- Заменете го. За жал, потребни се само 2-3 недели за на сунѓерот да се развијат најстрашните бактерии. Затоа, потребна е редовна промена – најмалку еднаш во месецот купувајте нова мрежа или сунѓер.
- Користете избелувач. На тој начин ќе ги отстраните бактериите од сунѓерот. Помешајте го избелувачот со вода, така што во водата ќе има само 5% избелувач. Потопете го сунѓерчето и оставете го да отстои неколку часа.
Сепак, сите дерматолози советуваат да се откажете од користењето на овие препарати. Негата на кожата треба да биде нежна, а не груба. Доволна ви е купка за правилно негување на кожата.