Зошто треба почесто да го менувате дезодорансот?
Различно се потиме поради стрес, топлина или вежбање, а секој вид потење има карактеристичен хемиски состав. Така што, мирисот од стрес е најнепријатен.
Дерматолозите препорачуваат на секои шест месеци да го менувате дезодорансот за телото да не се навикне и да престане да реагира на него. Најдобро средство за спречување на непријатните мириси под пазувите е дезодорансот во стик. Доколку сте алергични, може да си направите сами од разни масла и екстракт со антибактериско дејство.
Жолтите дамки на облеката се појавуваат поради реакцијата на алуминиум со пот, облека или прашокот за перење. Затоа, внимателно прочитајте ја декларацијата за да проверите дали оваа состојка се наоѓа во вашиот дезодоранс.
Не претерувајте ниту со користењето на антибактериски сапуни и купки, предупредуваат дерматолозите. Ако често ги миете деловите од телото кои имаат најинтензивен мирис на пот, сушењето на кожата само го зголемува потењето.
Посебните дезодоранси за жени и за мажи се всушност маркетиншки трик, бидејќи состојките се исти, а разликата е само во амбалажата и мирисот.