Како да го забрзате доаѓањето на менструацијата, на природен начин?

Се ближи важен датум или одмор, викенд или излет, а со него и најголемиот женски проблем? Сакате да го забрзате целиот процес и пред време да се ослободите од таа грижа? Еве неколку потполно природни и сигурни трикови кои ќе ви ја исполнат желбата.

kako-da-go-zabrzate-doaganjeto-na-menstruacijata-na-priroden-nacin-01.jpg

Топла купка и облоги

Можеби еден од најбрзите методи за забрзување на циклусот е топлата купка. Не само што ве релаксира, туку и ве ослободува од ПМС симптомите. На ист начин делуваат и топлите облоги во пределот на стомакот.

Витамин Ц

Според некои истражувања, витаминот Ц може да доведе до предвремено доаѓање на циклусот. Трудете се да го внесувате на природен начин, наместо преку таблети. Консумирајте црни рибизли, жолти и црвени пиперки, портокали, киви...

Вежби

Добри се за општо здравје, за помалку болни менструации, но и за подобрување на циркулацијата. Сепак, избегнете ги интензивните вежби и фокусирајте се на оние кои го подобруваат крвотокот низ телото.

Храна

Избегнете ја претерано солената храна, која ви создава чувство на подуеност. Наместо тоа, консумирајте храна богата со каротен – папаја, морков, кајсии, праски, спанаќ...

Чаеви

Со чаевите бидете внимателни. Пијте само по 2 чаши и тоа од следниве неколку билки: камилица, ѓумбир, магданос, рузмарин, жалфија, лист од малина...

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg