Летни вежби за дишење
Годишниот одмор е идеално време да воведете неколку здрави навики во вашиот живот. Со помош на овие вежби за дишење, ќе си го вратите мирот, хармонијата и ќе го доведете вашиот организам во природна рамнотежа.
Најдобрите работи во животот се бесплатни, искористете ги:
Утринска вежба за дишење
Во оваа вежба покрај дишењето се користат звуци и движења, а станува збор за вежба со која ќе го разбудите вашето тело и ум. Кога издишувате само додајте го гласот „Ха” и застанете исправено со раширени нозе. Кога вдишувате подигнете ги рацете над главата, а потоа при издишувањето спуштете ги надоле извикувајќи „Ха”. Кога се чувствувате лути, агресивни, нервозни или сте под стрес оваа вежба со сигурност ќе ве опушти.
Дневна вежба за дишење
Сеедно дали седите, стоите, одите или нешто правите поентата е да дишете како мајстор. Тоа ќе го постигнете преку наизменично вдишување и издишување, со минимално задржување на состојбата „недишење”, односно со минимални паузи. Важниот ритам на ова дишење се состои од секунда пауза, седум секунди вдишување, секунда пауза, седум секунди издишување, секунда пауза и се така во круг. Практикувајте го ова дишење особено кога сте вознемирени.
Ноќна вежба за дишење
Станува збор за вежба која целосно ќе ве опушти од напнатост. Вдишувајте низ нос, а издишувајте низ уста при тоа што кога воздухот поминува низ вас создавајте звук или шепот. Освен тоа, ако чувствувате болки во телото практикувајте да ја правите оваа вежба секоја ноќ и вашето тело ќе се ослободи. Вежбата одлично ќе ви помогне доколку имате проблем со несоница и можете да ја правите пред спиењето.