Сите опасности кои ги крие помфритот

Многу пати до сега сте слушнале дека помфритот е мрсен и нездрав, но ниту еднаш не ви било објаснето што поточно му прави на вашиот организам.

site-opasnosti-koi-gi-krie-pomfritot-01.jpg

Затоа, пред да ги подготвите фритезата и тавчето за користење, размислете уште еднаш.

1. Содржи лоши масни киселини

Пржената храна е превкусна, но лошите и заситените масти го претвораат компирот во темпирана бомба за срцето, дијабетесот и ракот.

Лошите и заситени масти ги има дури и во маргаринот и во сите производи на кои пишува „делумно хидрогенизирано.“ Лошите масти го подигнуваат нивото на холестерол во крвта и ги покачуваат триглицеридите.

На човечкото тело му се потребни омега 3 и 6 масни киселини, па затоа е многу важно да обрнете внимание во каков зејтин се пржи помфритот. Сончогледовото и пченкарното масло не се добар избор, додека палминото и сусамовото се секогаш подобар избор за пржење.

2. Содржи лоши јаглени хидрати

Ниту еден компир во својата природна состојба не е лош за здравјето на човекот, но опасен е заради начинот на кој го подготвуваме.

Компирот е составен од јаглени хидрати и шеќери, а кога во организмот ќе внесеме јаглени хидрати кои брзо се апсорбираат, може да се искористат како енергија или да се наталожат како масни наслаги.

Откако ќе изедете порција помфрит задолжително раздвижете се или вежбајте, затоа што во спротивно сигурно ќе накачите неколку грама од само 1 порција.

Најстрашниот дел кој негативно влијае на вашата линија е всушност онаа вкусна кора која се создава за време на пржењето.

3. Содржи транс масти

Во помфритот има транс масти кои се чести предизвикувачи на повеќе видови рак. Затоа, најдобро би било да го избегнувате или ограничите консумирањето на овие прженици.

Доволна ви е една порција во неделата, а за дечињата помеѓу 3 и 5 години се препорачува по само 1 порција на повеќе од 10 дена.

Помфритот е концентрат од соли, лоши масти и јаглени хидрати, а од него полош е само чипсот.

4. Внимателно со купечкиот помфрит

Кога ќе огладнете, а не сте дома, веројатно се одлучувате за купечки помфрит, без да знаете во какво масло е пржен.

Уште една работа на која треба да внимавате е да го јадете додека е жежок, од фритеза. Тоа значи дека пред консумирањето нема време да отстои на место каде ќе собере дополнителни маснотии.

Со што да го замените помфритот?

Најлесното решение - печен компир. Исечете го компирот како за помфрит, загрејте ја рерната, а на една тава за печење ставете хартија. Добро наредете го компирот, испечете го и зачинете по желба.

Би можело да ве интересира:

8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Природен лек за искашлување секрет од белите дробови – Се пие секој ден по една лажичка Ако и вие заради променливото време маки мачите со кашлицата, овој рецепт за при...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Како да препознаете сончаница кај децата и кога треба веднаш да се обратите на лекар? Што да правите ако вашето дете добие сончаница додека сте на плажа? Кои се симпт...
Го регулираат крвниот притисок, помагаат при слабеење – Најздравите летни зеленчуци Поради своите состојки, доматите го регулираат холестеролот, добри се за имуните...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg