Овошје и зеленчук за ослободување од стресот
Во првиот момент на стрес на организмот му се потребни шеќери поради зголеменото губење на глукоза.
Не посегнувајте по концентрирани шеќери кои само краткорочно го решаваат проблемот, туку погрижете се да ги добиете од производи кои покрај шеќерите се богати и со витамини, минерали и влакна кои го одложуваат абсорбирањето на шеќерите и го држат нивото на глукоза под контрола.
Банана
Вкусен оброк кој го подигнува нивото на серотонин, хормон кој го намалува стресот, го подигнува позитивното расположение и му ја дава неопходната енергија на телото.
Авокадо
Изобилува со квалитетни масти, витамин Б комплекс и калиум, сите важни состојки за ублажување стресот и враќање на енергијата.
Морков
Со грицкањето моркови ја потиснувате напнатоста, а нејзиниот состав е богат со бета каротен, витамин Б6, витамин Ц и калиум со кој се опуштаат мускулите кога се под тензија.
Боровница
Со стресот доаѓа и до производство на слободни радикали кои го нарушуваат имунитетот и клетките во организмот, а боровницата е богата со важни антиоксиданси кои успешно неутрализираат.