Што му се случува на вашиот организам кога постите?
Без разлика дали постите од религиозни причини или за да го прочистите организмот од некои материи, па си го ограничувате изборот на храна, постот е корисен.
Но, знаете ли што му се случува на вашиот организам кога постите?
Телото генерира повеќе енергија кога согорува од веќе складираните резерви на масти, јаглехидрати и шеќери кои произведуваат енергија.
Со постот постигнувате важна детоксикација и прочистување на целиот организам, на кој му е потребно да се ослободи од сите штетни материи и да се ослободи место за создавање нови здрави клетки и да го исполните организмот со витамини.
Варењето на храната е многу полесно, бидејќи храната за време на постот содржи минимални масти, посвежа е и брзо се разградува.
Со постот се прочистуваат цревата, се забрзува метаболизмот и се ослободуваат бубрезите од вишокот вода и сол.
Сите овие олеснителни промени кои настануваат во вашите органи му помагаат на телото и на организмот за да ја одржи нивната здрава и нормална функција.
Во видеото погледнете што точно се случува во вашиот организам за време на постот.