Се чувствувате како да ве „прегазил воз“? Постојат 7 решенија за тоа!

Сите понекогаш чувствуваме неверојатен замор, како да нè прегазил воз. Тогаш сме мрзливи, нервозни, исцрпени. Оваа појава станува толку распространета што во англискиот јазик веќе е воведена кратенка за таквата состојба, TATT (tired all the time – цело време уморни).

se-cuvstvuvate-kako-da-ve-pregazil-voz-postojat-7-resenija-za-toa-01

Но, постојат неколку начини за да се ослободите од сето тоа:

1. Ресетирајте се

Во повеќето случаи заморот е поврзан со расположението и акумулацијата на секојдневниот стрес, кој може да биде причина за многубројни проблеми.

Секој од нас има свој начин на опуштање, без разлика дали е гледање филм, масажа или одење на фризер. Но, ако барате  некој докажан начин за намалување на стресот, пробајте нешто од следново:

-купете билка: научно е докажано дека одморот покрај билки и зеленило го намалува стресот.

-одете на кратка прошетка: шетањето ќе ви помогне да ја разбистрите главата и да го зголемите лачењето на ендрофринот.

-смејте се: смеењето е здраво  делува благотворно.


2. Излезете на сонце

Само 15 минути на сонце се доволни за да се зголеми произведувањето на витаминот Д кој заедно со витаминот Б го намалува заморот. Симптомите и недостатокот на витаминот  Д се замор, нерасположение и потиштеност.

se-cuvstvuvate-kako-da-ve-pregazil-voz-postojat-7-resenija-za-toa-2.jpg


3. Избегнувајте кофеин

Пред да посегнете по шолја кафе која очекувате да ве расони, знајте дека нутриционистите утврдиле: кафето всушност успива.

Точно е дека кафето може да ве подигне, но тоа е краткото еспресо. Потребно е да ги имате на ум и споредните ефекти од прекумерното консумирање кофеин, како главоболка, нервоза и дехидратација. Наместо тоа, подобро е да пробате бадеми, портокал, лосос, спанаќ или боровница.

se-cuvstvuvate-kako-da-ve-pregazil-voz-postojat-7-resenija-za-toa-3.jpg


4. Кратка дремка

Кратката дремка  може да биде толку корисна, што дури и компании како Google и Huffington Post, направиле посебни простории во кои работниците може малку да дремнат, околу 20 минути, не повеќе, бидејќи може полошо да им делува на организмот.


5. Исклучете ги апаратите

Исклучете ги мобилните навечер и не ги чепкајте пред спиење, бидејќи електрониката лошо влијае на сонот. Научниците кажуваат дека на сонот всушност му смета светлото од мобилниот и другите апарати. Затоа, се препорачува после 8 часот навечер да не гледате телевизија, да не седите пред компјутер и да не го чепкате мобилниот. Наместо тоа, излезете на воздух и целиот организам ќе ви биде смирен и релаксиран.

se-cuvstvuvate-kako-da-ve-pregazil-voz-postojat-7-resenija-za-toa-5.jpg


6. Хранете се здраво

Подобро ќе спиете и ќе се чувствувате свежо ако ги јадете следниве производи:

-кикирики: помага во лачење на серотонин

- цреши: содржат мелатонин

- црно чоколадо: помага во релаксацијата на умот и телото. Содржи тирозин кој се претвора во допамин.

se-cuvstvuvate-kako-da-ve-pregazil-voz-postojat-7-resenija-za-toa-6.jpg


7. Вежбајте

Кога сте уморни, последно нешто што ви паѓа на памет е да вежбате. Но, ќе бидете изненадени колку добро ќе се чувствувате после вежбањето. Оние кои вежбаат 150 минути неделно, помалку чувствуваат замор.

se-cuvstvuvate-kako-da-ve-pregazil-voz-postojat-7-resenija-za-toa-7.jpg

8. Но, не вежбајте премногу

Претераната физичка активност може да доведе до чувство на исцрпеност и замор, затоа не претерувајте со вежбањето. Потребно е да пронајдете рамнотежа меѓу активноста и одморот.

se-cuvstvuvate-kako-da-ve-pregazil-voz-postojat-7-resenija-za-toa-8.jpg

Би можело да ве интересира:

Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg