11 трикови за преживување на топлите летни ноќи
Затоа што ни следат се потопли денови, ноќите ќе стануваат се потешки за преспивање. А, бидејќи клима уредите ја намалуваат природната влажност на воздухот и не се најздравото решение во текот на вечерта, постојат и алтернативни начини за ноќно разладување.
Еве како можете да ја преживеете топлата летна ноќ без клима уредот:
1.Постелнината нека биде памучна
Заборавете на сатенот, свилата или полиестерот. Најдобар избор е памукот кој е лесен и мек и воедно и дозволува на кожата да дише.
2.Почувствувајте го студенилото од фрижидерот
Ставете ја постелнината во кеса и во ладилник на неколку минути. Ова нема да ве разлади во подолг временски период, но сигурно ќе ви го олесни процесот за заспивање.
3.Соблечете се
Ваше е да одлучите дали ќе облечете само долна облека или ќе спиете потполно голи, според тоа како се чувствувате најудобно. Заборавете на предрасудите и неиздржаните докази на оваа тема.
4.Вентилатор и мраз
Наполнете една плитка чинија со мраз и ставете ја пред вентилаторот. Тоа ќе ви овозможи студен и влажен воздух.
5.Спијте сами
Ако спиете во ист кревет со вашиот/вашата партнер/ка, донесете ваква одлука. Од близината на телата ќе ви биде уште потопло и само ќе бидете понервозни, а кавгите почести. Затоа е подобро да спиете одвоено, барем во неподносливо жешките ноќи.
6.Оддалечете се од шпоретот
Летото не е време за жешки јадења. Избегнете го дополнителното загревање на домот и почестете се со свежи салати, лесно сварени макарони со свеж зеленчук, сендвичи и овошни салати.
7.Пијте течности
Испијте барем 2 чаши студена вода пред спиење. Потењето во текот на ноќта може да го дехидрира телото, па затоа на време обезбедете му ги потребните течности.
8.Разладете се под туш
Најпрво започнете со млака вода, а потоа намалувајте ја температурата. На тој начин ќе ја спуштите температурата на телото.
9.Спијте на пониските катови
Ако живеете во куќа и спалната соба ви е на горниот кат, во овие 2-3 месеци преселете се во дневната соба. Постелете памучен чаршав, земете удобна перница и почувствувајте ја разликата.
10.Разладете ги нозете
Нозете се најчувствителниот дел од телото, па затоа обидете се да ги одржите студени или влажни колку подолго можете. Потопете ги во студена вода на кратко и легнете со мокри стапала.
11.Гасете ги светлата и електричните уреди
Исклучете го компјутерот и ламбата на масичката. Секој степен е важен во овие месеци!