Методи за брзо запирање на икањето

Како најчести виновници за појавата на икањето се споменуваат газираните пијалака, пребрзото јадење или прејадување, силни емоции како страв, возбуда, консумирањето алкохол во голема количина...

10-metodi-za-brzo-i-ednostavno-zapiranje-na-ikanjeto-1-

Икањето поминува за неколку минути, но не постои човек на кој не му пречи и кој не би сакал да го отстрани што е можно побрзо.

Затоа кога ќе започнете со икањето пробајте некој од овие домашни рецепти кои гарантираат за брзо и едноставно запирање на здодевното икање:

1. Јаболков оцет

Во една кафена лажичка капнете неколку капки од јаболковиот оцет и потоа полека натопете ја устата. Самата киселина ќе му помогне на вашиот организам побргу да се реши од икањето.

10-metodi-za-brzo-i-ednostavno-zapiranje-na-ikanjeto-2


2. Бел шеќер

Еден од најефикасните начини за сопирање на икањето е да изедете една кафена лажичка бел шеќер. Откога ќе земете една лажичка шеќер заедно со неа испијте и една чаша вода.

10-metodi-za-brzo-i-ednostavno-zapiranje-na-ikanjeto-3


3. Вода

Водата исто така се смета за најефикасен начин во борба проти икањето. Пијте ја водата голтка по голтка со кратки паузи измеѓу, а главата нека ви биде крената 90 степени.

10-metodi-za-brzo-i-ednostavno-zapiranje-na-ikanjeto4


4. Сол и јогурт

Икањето лесно ќе го запрете со помош на јогуртот, но за поголема ефикасност во половина чаша јогурт додадете две големи лажици сол. Измешајте ги јогуртот и солта, а потоа испијте ја чашата голтка по голтка со паузи измеѓу секое пивнување.

10-metodi-za-brzo-i-ednostavno-zapiranje-na-ikanjeto-5


5. Овошје

Овошјето од фамилијата цитруси може да ви биде од голема корист кога станува збор за икањето. Во оваа група спаѓаат лимонот, портокалот, лиметата... изедете едно од овие овошја и икањето ќе престане. Ако се одлучите за лимон, јадете го заедно со шеќер.

10-metodi-za-brzo-i-ednostavno-zapiranje-na-ikanjeto-6-


6. Ставете ги прстите во уши

Можеби ќе ви звучи чудесно, но овој метод на многумина им помага да го прекинат икањето. На овој начин, ги стимулирате нервите поврзани со дијафрагмата и икањето престанува.

10-metodi-za-brzo-i-ednostavno-zapiranje-na-ikanjeto-7


7. Дишете во хартиена кеса  
       

Земете хартиена кеса и покријте ги со неа носот и устата, а потоа дишете така некоја минута. Со помош на хартиената кеса, во крвта се создава диоксид.

8. Задржете го здивот

Земете воздух и задржете го здивот и започнете да броите. Бројте колку што можете да издржите и методот повторете го онолку пати колку што ви е потребно, односно додека не престане икањето кое на овој начин би требало веднаш да престане.10-metodi-za-brzo-i-ednostavno-zapiranje-na-ikanjeto-7-

9. Рацете во вис

Пробајте да чекорите или да стојте со рацете кренати во вис. Дишете длабоко и почекајте некоја минута, икањето со сигурност треба да запре.

10. Сув леб

Јадењето сув леб и нежното допирање на горното непце со јазикот се уште неколку методи кои ефикасно го запираат икањето.

Дали сте пробале некој од овие методи или можеби имате и вие ваш начин за запирање на икањето?

Споделете го со нас во коментарите...

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg