12 грешки кои ги правите кога ставате крема за сончање
Досега сигурно знаете дека кремата за сончање би требало да ај користите секојдневно за да го намалите ризикот од рак на кожата и појавата на бори, темни дамки и други знаци за предвременио стареење. Но, дури и оние кои многу внимаваат при ставањето крема, може да направат некои опасни грешки.
1. Кремата ја ставате дури откако ќе излезете надвор
Многу луѓе дури откако ќе излезат надвор или на плажа ставаат крема за сончање. Тоа е погрешно и би требало барем 30 минути пред да излезете да ја имате ставено. Така кожата ќе ја впие и ќе бидете сигурни дека ултравиолетовите зраци нема да ви наштетат.
2. Кремата ја нанесувате околу облеката
Ракот на кожа може да се појави каде било, па најдобро е кремата да ја нанесете кога сте голи. Соблечете се пред огледалото каде може да си го видите целото тело и премачкајте се секаде.
3. Не ги заштитувате усните
Исто како и останатиот дел од кожата, така и усните се чувствителни на ултравиолетовото зрачење и затоа е важно да ги заштитите. Но, не ја користете истата крема како за остатокот од телото. Прво затоа што има лош вкус и затоа што брзо ќе ви исчезне. Користете посебен балсам со заштитен фактор и нанесувајте го секогаш кога ќе почувствувате дека устата ви се суши.
4. Пропуштате клучни точки
Луѓето најчесто забораваат да ги заштитат прстите на нозете, табаните, пазувите и задниот дел на вратот, ушите и капаците на очите. Не заборавајте да ги покриете и овие области.
5. Штом се намокрите или испотите кремата се брише
Многу мал број креми за сончање се водоотпорни. Летно време повеќе се потите и често по ставањето крема влегуваме во вода. Најдете водоотпорна крема која нема да ви се измие при првиот допир со вода.
6. Користите иста крема за тело и за лице
Постои разлика меѓу кремите за сончање за лице и оние за тело, а тоа не е само маркетинг измислица. Кремите за лице се поблаги, не предизвикуваат иритација и не создаваат акни. Не ја користете истата крема и на тело и на лице за да заштедите, туку водете соодветна грижа која подобро ќе ве заштити.
7. Кремата ја користите само кога е сончево
Можеби ви звучи смешно кога ќе слушнете дека треба да ставите крема за сончање кога е облачно, но ултравиолетовото зрачење може да допре до вас дури и кога не го гледате сонцето. Осумдесет отсто од тоа зрачење продира низ облаците, па не смеете да бидете незаштитени.
8. Не користите доволно крема
Не ја штедете, бидејќи ултравиолетовите зраци нема да ве штедат вас. Размачкајте ја добро, дури и ако пишува дека треба само нежно да ја нанесете.
9. Мислите дека сте сигурни дома
Сигурни сте само ако во куќата или собата немате прозорци. Затемнетите стакла ги блокираат сончевите зраци, но не и ултравиолетовото зрачење. Затоа, кремата нека ви биде задолжителен ритуал секој ден и секаде.
10. Користите крема со низок заштитен фактор
Точно е дека самопотемнувачките масла со фактор 8 спаѓаат во кремите и лосионите за сончање, но тие не овозможуваат доволна заштита. Фонадацијата за заштита од рак препорачува минимум фактор 15. Но, дали треба да користите повисок? Тоа би било фрлање пари. Кремите со заштитен фактор 30 блокораат само 97 отсто сончеви зраци, додека оние со заштитен фактор 50 блокираат само 1 процент повеќе.
11. Не ја нанесувате доволно често
Не е доволно само еднаш во текот на денот да ставате крема за сончање. Многу е важно да ја ставате често. Ако сте надвор, ставајте ја на секои 80 минути, дури и ако е водоотпорна.
12. Не ја нанесувате ако сте под сенка
Ако сте на плажа под чадор, не сте заштитени. Песокот и водата ги рефлектираат штетните зраци, а дури 34 отсто од ултравиолетовите зраци продираат низ чадорот. Затоа треба да се заштитите дури и ако сте под сенка.