Како храната влијае на вашата вагина?
Она што го јадеме влијае на целосниот организам, а тука не се изоставени и женските интимни делови. Вагината има природно кисела pH вредност, а некои намирници кои секојдневно ги консумираме тоа може да го променат.
Доктор Мери Росер, гинеколог од Њујорк, вели дека природните бактерии се многу важни, затоа што ни помагаат да се избориме против инфекциите. Таа нагласува дека добрата хигиена не е доволна, затоа што исхраната е на првото место кога се работи за здравјето на женската интимна зона.
Одредени намирници може да ја променат pH вредноста, а заради тоа може да дојде до непријатни промени кои се чувствуваат. На пример, зачините, кромидот, лукот, црвеното месо, млекото, брокулите и алкохолот се намирниците кои го нарушуваат балансот.
Од друга страна, докторката Росер тврди дека овошјето и овошните сокови прават сè да стане послатко.
Какви ефекти и да предизвикува храната, негативни или позитивни, тие траат само неколку дена по нејзино консумирање.
Што значи, ако сакате добро да ја одржите интимната зона, таа предлага чинијата да наполните со овошје, зеленчук, житарки и да пиете многу вода. Ако сакате јогурт, уште подобро. Тој содржи позитивни бактерии и е одличен пробиотик кој помага во одржувањето на оптималната pH вредност.
За крај, Росер нагласува дека жените би требало да го избегнуваат шеќерот повеќе заради здравјето на вагината, отколку заради линијата. Докажано е дека жените со високо ниво на шеќер во крвта се лесно подложни на габични инфекции.