7 навики на здравите луѓе

Доколку си мислите дека здравите луѓе се преокупирани со своето тело и здравата исхрана тогаш грешите.

7-naviki-na-zdravite-lugje-1

Она што овие луѓе ги прави поинакви, но и поздрави од останатите се секојдневни навики кои прераснуваат во рутина, а истите им даваат здрав живот.

Не постои некоја посебна формула за здравје, среќа или долг живот туку постојат некои навики кои можат да го променат нашиот живот на подобро.

Еве кои се навиките на здравите луѓе:

1. Тие се организирани и дисциплинирани

За да си го задржите здравјето мора да биде организирани и правилно да умеете да го користите времето кое ви е на располагање. Така на пример, овие луѓе секогаш имаат подготвено појадок во фрижидерот, не ги оставаат работите недовршени пред да излезат од дома.

Станува збор за ситници кои доколку ги подобрите го менувате целиот начин на дотогашното живеење. Повеќе нема да се грижите за пропуштените рокови, бидејќи со малку дисциплина и организација таквите повеќе нема да постојат.

2. Наоѓаат време да се грижат за здравјето

Животот станува сè подинамичен, многу гужви, брзање и често забораваме да обрнеме внимание на она што е навистина важно во нашиот живот, а тоа е здравјето. Брзиот живот не ни дава време да се прехраниме онака како што посакуваме, па често посегаме по брзата, нездрава храна.

Здравите луѓе пак, секогаш наоѓаат време во текот на денот за да консумираат здрав оброк, да внесат доволно витамини во своето тело и редовно да вршат здравствени контроли.

3. Физички активности

Тие се од голема важност за здравјето, затоа и е речено „во здраво тело, здрав дух”. Здравите луѓе секогаш обрнуваат внимание на редовните тренинзи и спортски активност во текот на целата година.

7-naviki-na-zdravite-lugje-2

4. Секогаш наспани...

Здравите луѓе секогаш обрнуваат внимание на својот одмор во текот на ноќта. Од прекумерните грижи и обврски можеби се случува да не можете да спиете колку што ви е потребно, но овие луѓе знаат колку игра сонот клучна улога во меморијата, продуктивноста на работата, метаболизмот и друго.

5. Планирање на оброците

Ако ви се случува да јадете кога сте нервозни или кога ви е досадно, тоа никогаш нема да се случи кај здравите луѓе. Тие совесно ги планираат своите оброци и никогаш не посегаат по храна тогаш кога не чувствуваат глад. Наместо тоа, овие луѓе сета негативна енергија ја исфрлаат во шетањето или другите физички активности.

6. Одлични кулинарски способности

Здравата храна секако не е толку вкусна како брзата храна. Но денеска постојат низа рецепти со кои можете да зготвите вкусен оброк од здрави состојки. Овие луѓе поминуваат долго време во својата кујна трагајќи по вистинските вкусови за својот оброк преполн со здравје.

7. Секогаш балансираат

Главната причина зошто овие луѓе се секогаш здрави е токму нивната навика секогаш да прават баланс помеѓу сите сфери во животот. Тие секогаш се држат до ова правило, без разлика дали станува збор за социјалниот живот, храната, спортот или телесната тежина. Здравите луѓе секогаш изнаоѓаат начин да водат здрав, активен и исполнет живот. 

Имате ли и вие некои свои тајни кои ви помагаат да останете здрави? 

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg