Дестинација здравје: 12 причини зошто треба да возите велосипед

Наполнете се со позитивна енергија и седнете на вашиот велосипед уште денес. Освен што позитивно делува на вашиот физички живот, ова возење ви го подобрува сексуалниот живот, ве прави помлади и ви го отстранува секојдневниот стрес.

destinacija-zdravje-12-pricini-zosto-treba-da-vozite-velosiped-001.jpg

Времето не може да биде подобро, па затоа прочитајте ги овие 12 причини за поголема мотивација и започнете со вртење на педалите кон дестинација здравје:

1. Велосипедот подмладува

Редовната употреба на велосипедот делува против стареењето, тврдат научници од универзитетот Стенфорд. Тие откриле дека зголемувањето на циркулацијата во текот на возењето прави да имате поголем проток на киселините до површинските клетки на кожата. На тој начин се елиминираат разните токсини, се прочистува тенот и се зголемува производството на колаген. Не заборавајте да употребувате крема за заштита од сончевите зраци пред да излезете надвор.

2. Квалитетен сон

За наутро да бидете свежи и расонети, најдобро е да го користите велосипедот како превозно средство до вашето работно место. Освен тоа, ако во текот на денот сте возеле велосипед не се ни сомневајте дека навечер ќе добиете квалитетен сон и полесно заспивање. Научниците од Стенфорд велат дека едно возење во времетраење од половина час на ден ги смалува проблемите со несоницата дури за 50%. Тука клучна улога игра светлината, која го синхронизира биоритамот на нашето тело.

3. Подобрување на сексуалниот живот

Физичката активност го подобрува кардиоваскуларното здравје, што е пак клучно за добро либидо. Една студија од универзитетот Корнел утврдила дека луѓето кои редовно возат велосипед имаат повеќе сексуална енергија, за разлика од оние кои не го практикуваат тоа. Кај жените, физичката активност може да ја одложи менопаузата за 2 до 5 години. Додека пак, оние мажи кои возат велосипед ги намалуваат шансите за импотенција дури за 30%.

4. Го подобрува дигестивниот систем

Возрасните луѓе кои практикуваат редовно возење на велосипед трошат 10 пати повеќе киселини, отколку што би потрошиле доколку седат на каучот пред телевизор. Киселините се клучни за дигестивниот систем, а колку повеќе практикувате возење велосипед вашето тело стимулира подобро варење на храната.

5. Слабејте со велосипед

Луѓето на кои велосипедот им е секојдневна рутина имаат побрз метаболизам и затоа нивното тело троши повеќе калории и тие побргу слабеат за разлика од останатите. Ефектот можете да го воочите после само неколку часа на возење, особено на подрачјето на вашите гради, бутови и задникот.

6. Цврсти мускули

Возењето велосипед со умерено темпо, но и она екстремно планинско возење ги зацврстува мускулите по целото тело, а најмногу оние на нозете. Велосипедот ќе ви помогне да имате цврсти мускули и прекрасно обликувано тело.

destinacija-zdravje-12-pricini-zosto-treba-da-vozite-velosiped-002.jpg

7. Делува како средство против стрес

Ве прави среќни, расположени, дружељубиви и ви го отстранува секојдневниот стрес и депресијата. Студиите покажуваат дека само со 20 минути секојдневно возење се намалува стресот дури за третина, а причината лежи во блокирањето на хормоните кои го лачат стресот. На тој начин ние сме преполни со хормоните на среќа и затоа лесно можете да станете зависни од вашиот велосипед.

8. Не е премногу напорно

Возете со умерено темпо и на долги релации, уживајте во глетките кои ќе ги среќавате патем. Велосипедот не е напорен и тој не ги оптоварува вашите зглобови како тоа што го прават останатите спортови.

9. Ве прави дружељубиви

Пријателската страна на велосипедот е од голема важност исто како и онаа физичката, велат научниците од Хардвард. Тие откриле дека оние кои се рекреираат со велосипед се повеќе релаксирани и пријателски настроени. Заедничките возења се одлични, па не заборавајте следен пат да се приклучите на некое такво.

10. Велосипедистите живеат подолго

Време е да заборавите на сите оние чудесни таблети за подобрување на имунитетот и фокусирајте се на велосипедот кој е рецепт за долг живот. Умереното возење ги активира клетките кои нас не штитат од болести и разни воспаленија, а оние пак кои возат три часа неделно времето поминато на боледување им е двократно помало од оние кои воопшто не возат, покажала студија од Универзитетот во Јужна Каролина.

11. Добро е за сите и за секаде

Велосипед можат да возат сите. Освен тоа, тој деновиве е најпопуларното превозно средство кое е евтино, лесно достапно и нема да се прашувате каде да го паркирате, а честопати  и побргу стигнувате со него низ градските гужви отколку со автомобил до вашата крајна дестинација.

12. Ги олеснува белодробните заболувања

Дури и оние кои се заболени од блестите како астма или хроничен бронхитис можат да уживаат во возењето на велосипед. Освен тоа, редовното возење ги смалува болките и тешкотиите кои со себе ги носат овие болести, советуваат стручњаците од британското Медицинско Здружение. 

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg