Водич како да ја подготвите кожата за летното сонце

Како што наближуваат деновите за вашиот одмор на плажа со многу сонце, мора да мислите и на тоа како да ја подготвите кожата за да не изгорите наеднаш и при тоа да не си создадете дополнителни проблеми.

vodic-kako-da-ja-podgotvite-kozata-za-letnoto-sonce-01

Препорачливо е да почнете со основна заштита барем на лицето уште при првите пролетни зраци. Пред летниот одмор доколку излегувате поразголени задолжително нанесувајте крема со заштитен фактор на откриените делови. На тој начин ќе се заштитите од црвенила, а на плажа полесно ќе потемните.

Дополнително, важно е првите денови од одморот да внимавате на некои помалку и повеќе познати правила:

- Сончањето попладне не е најпаметна идеја. Попладне сончевите зраци предизвикуваат црвенило на кожата, но не и потемнување. Под влијание на накосените зраци кожата ќе потемни без црвенило и луштење.

-Не е паметно цел ден само да се излежувате на плажа. Тоа не е добро за крвотокот кој влијае на создавањето пигмент на кожата и доводот на кислород. Затоа бидете активни на плажа.

- На сонце никако не употребувајте парфеми, освежувачки марамчиња или дезодоранси кои содржат алкохол за да не добиете пигмент со дамки.

- Кожата која потемнува постепено, подолго време ќе ја задржи бојата, отколку кожата која наеднаш потемнела. Дозирајте го сончањето.

- Првите неколку дена заштитете се со креми кои имаат поголем заштитен фактор.

- Не заборавајте да ги намачкате ушите, вратот, стапалата, па дури и темето, ако имате ретка коса или носете шешир.

vodic-kako-da-ja-podgotvite-kozata-za-letnoto-sonce-2.jpeg

- Производите за сончање бирајте ги според типот на кожа и местото каде што летувате (море, планина, базен).

- Избегнувајте го сончањето помеѓу 11 и 17 часот.

- Секојдневно проверувајте го индексот на УВ-зрачењето.

- Доколку земате некакви лекови, задолжително прочитајте го упатството за да видите дали е дозволено изложувањето на сонце.

- Кремата со фактор нанесувајте ја по секое капење во водата или доколку почесто се потите.

- Ако можете заштитете се со маица, шешир и очила за сонце.

- Потребно е да пиете повеќе течности и да јадете полесна храна со многу овошје и зеленчук.

- Откако ќе се вратите од плажа, задолжително е туширањето за да ги отстраните трагите од кремата за сончање и солта, доколку сте на море.

Заблуди за сонцето и сончањето:

-Нанесувањето на фактор 15 во комбинација со фактор 30 нема да ја зголеми заштитата на кожата како таа што ја овозможува кремата со фактор 50.

- Не е точно дека ако сте под сенка или во вода сте заштитени од сонцето без креми. Сончевите зраци се рефлектираат секаде, па заштитата ви е неопходна. Мократа кожа дури е и почувствителна на сонце од сувата.

- Не штедете на креми за сончање и без разлика на рокот на траење, не ја користете кремата од лани, бидејќи во текот на годината сигурно не сте ја чувале најсоодветно.

- Нема потреба усните посебно да ги заштитите од сонцето, тие се постојано изложени во текот на целата година, така што доволен е балсамот за усни.

- Ако надвор е облачно не значи дека нема потреба да се грижите за заштитата, Низ облаците поминува 80 проценти од УВ-зраците, па заштитата е неопходна и во тие денови.

vodic-kako-da-ja-podgotvite-kozata-za-letnoto-sonce-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg