14 работи кои вашиот гинеколог би сакал да ги знаете
Колку добро го познавате своето тело? За колку прашања поврзани со интимното здравје не сте добиле одговор?
Сега имате можност да ги откриете одговорите на 14-те најчести женски прашања, кои вашиот гинеколог би сакал да ги знаете.
1. Колку често треба да се прави ПАП тестот?
Точен одговор: Еднаш годишно
ПАП тестот се прави преку брис земен од површината на грлото на матката. Ако се воочат нормални клетки, тогаш треба да го правите еднаш годишно, но доколку лекарот ви пронајде атипични клетки, потребни се понатамошни испитувања кои ќе ви ја дадат потребната дијагноза.
Со чести прегледи имате поголема можност да ги откриете сите заболувања и инфекции на самиот почеток, па така, дури и ракот на грлото на матката е 100% излечив ако се открие на време.
2. Кога треба да се направи тест за ХПВ?
Точен одговор: Ако резултатите од ПАП тестот не се уредни
Денес се смета дека поголем број од жените имале контакт со ХПВ вирусот, но само 3 до 10 проценти од нив го задржале вирусот. Останатите успеале да создадат антитела и така да го елиминираат заболувањето во наредните 2 години.
Ако вирусот опстојува подолги години во телото, може да доведе до рак на грлото на матката. Тоа најчесто се случува кај лицата заразени со високо ризичните типови. Познати се околу 120 типови, од кои 40 се преносливи по пат на секс.
3. Кога е најдобро да се направи ПАП тест?
Точен одговор: Било кога, освен во периодот на менструалното крвавење и ден-два пред и по него.
Порано препораките беа врзани со средината на циклусот, затоа што тогаш брисот е најчист, но заради усовршувањето на техниките, денес тоа не игра голема улога.
Ако жената која прави ПАП тест нема никакви симптоми и болки, а се најде неуреден ПАП брис, веројатноста за нејзино оздравување е високо, дури до 92%.
Но, ако дојде заради тоа што има крвавење или непријатно чувство околу интимната зона, тој успех опаѓа на 66%.
4. Кои промени на кожата се поврзани со бразилската депилација?
Точен одговор: Подраснати влакненца, груба кожа, промена на бојата на кожата
Веќе подолго време се коментира дали бразилската депилација е мода или хигиена. Некои гинеколози предлагаат да се одржува уредна интимна зона, но сепак се против целосното отстранување на влакната.
5. По колку дена се чувствува подобрување кога жената се лечи од засилен секрет?
Точен одговор: 4 дена
По 4 дена се чувствуваат првите подобрувања. Чувството на пецкање, чешање и засилен секрет се намалува, а ако и понатаму продолжат непријатните појави, веројатно се работи за бактериска вагиноза.
Бактериската вагиноза се појавува како намалена отпорност и повлекување на вагиналната флора, промената на киселоста, па така бројот на габи и микроби расте.
6. Колку пати треба да се повтори кандидата за детално да се испита?
Точен одговор: По четвртиот пат или по две појавувања во пократок временски период, односно во1 месец
Ако кандидата е честа појава, тоа значи дека нешто не е во ред со имунитетот и потребно е испитување на целокупното здравје. Во лечењето и испитувањето задолжително се вклучува и партнерот.
7. Каде се чувствува болката која е поврзана со здравјето на јајниците?
Точен одговор: Во долниот дел од карлицата, во ниво на колковите
Јајниците се мали органи со големина на бадем кои се наоѓаат во малата карлица, лево и десно од матката. Болката во тој предел може да биде предизвикан од јајниците, заради можно воспаление, тумори или цисти.
Најчесто овие болки се појавуваат заради бенигни цисти на јајниците, кои се честа појава и најчесто не побаруваат посебни терапии. Само во 5% од сите регистрирани се работи за сериозни тумори и цисти, кои најчесто се појавуваат кај повозрасни жени.
8. Што е нормално во текот на менструацијата?
Точен одговор: Секоја болка (дури и умерената), силното или неправилното крварење не е нормална појава. Нормалната менструација не би требало да ви предизвикува никакви мачнини.
Болката за време на менструацијата може да се појави кај некои жени, додека крварењето мора да е умерено затоа што ако е посилно, треба да го проверите ткивото на матката.
Неправилните крварења се оние кои траат подолго од 10 дена, оние кои се јавуваат на 21 ден или паузата помеѓу нив трае 35 дена.
9. Кои се главните причини за карциномот на вулвата?
Точен одговор: Пуштењето
Пушењето се наведува како една од најголемите опасности, а покрај него ХПВ инфекцијата е еден од причинителите. Промената на бојата, чешањето и раните на кожата се знак дека се случува нешто што не е нормално.
10. На кој начин менструацијата се менува по 30-та година?
Точен одговор: Станува полесна
По 30-35 години нивото на естроген опаѓа, а со тоа и менструациите стануваат помалку обилни.
Прескокнувањето на циклусот во овој период може да укажува и на прерана менопауза или некое друго заболување, како што е намалувањето на работата на тироидната жлезда.
11. Кои симптоми никако не смеат да се игнорираат?
Точен одговор: Константно крварење по или во текот на сексуалниот однос
Крварењето по односот е прв знак за промени на грлото на матката. Често се работи за сексуално преносливи инфекции, пред сè за кламидија.
Белиот секрет не е голема причина за грижа, но болката при односот дефинитивно не е нормална појава. Затоа, проверете!
12. Кои заболувања се лесно воочливи на интимната зона?
Точен одговор: Егзема, псоријаза, меланом
Околу 3% од меланомите кај жените се на интимната зона. Се воочува со промени на пигментацијата, крварење, чешање и болка. Често пати овие симптоми се игнорираат затоа што се слични со некои инфекции, па се дијагностицира многу доцна.
13. Кое контрацептивно средство го намалува ризикот од рак на грлото на матката?
Точен одговор: Кондоми и спирала
Кондомите се неопходни затоа што го намалуваат ризикот од карцином за 70% и штитат од ХПВ вирусот, но и од останатите сексуално преносливи инфекции.
Исто така, спиралата го намалува ризикот за 50%, додека контрацептивните пилули го поттикнуваат развојот на карцином ако се земаат подолго од 5 години.
14. Кое е најважното гинеколошко прашање кое треба да си го поставите себеси?
Точен одговор: Дали оваа појава е нормална за мене?
Секое прашање е важно, но само откако ќе го запознаете своето тело и ќе ја воочите промената која настанала во него, ќе бидете способни да си го поставите.
Ако на прашањето немате соодветен одговор или пак тој гласи кратко и јасно „не,“ време е да си закажете термин кај вашиот гинеколог.